Пендаровски ги одликуваше со орден на заслуги членовите на легендарната група „Леб и сол“

July 26, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Орден за заслуги за Република Cеверна Македонија“ ги одликуваше Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан за извонредното, автохтоно и уникатно музичко творештво во рамките на џез-рок групата „Леб и сол“, како нејзини предводници, со којашто оставија трајни вредности во современата македонска музика и придонесоа за афирмација на македонската музичка уметност и на македонската култура во светот, како и за нивните значајни солистички постигнувања.

На церемонијата на доделување на медалите, во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека музиката, опусот, животното дело на Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан се национално наследство кое е одамна впишано во културната и социјалната ДНК на нашата држава, на македонскиот народ и на сите наши граѓани.

„Вашата музика, драги лауреати, во дамарите на македонската душа има митски димензии, затоа што претставува културно наследство со кое се идентификуваа и растеа и сѐ уште растат и живеат генерации Македонци“, рече претседателот Пендаровски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина ирската пејачка и кантавторка Шинејд О’Koнор – на светот и го подари хитот Nothing Compares 2 U

Следно

Почина ирската пејачка и кантавторка Шинејд О’Koнор – на светот му го подари хитот Nothing Compares 2 U

Latest from Blog

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите
Go toTop