ПЕЈЗАЖ ОД ЕМОЦИИ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕТО НА 19. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

April 5, 2023
1 min read

Пејзажи на емотивен набој и креација донесе холандската претстава „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам, на синоќешното свечено отворање на 19. Танц фест Скопје во Македонскиот народен театар (МНТ). Еден од омилените фестивали на македонската публика, за кој секогаш има полни салони, годинава се одржува под мотото „Танцувајќи создаваме иднина!“.

„Годинашното издание е увертира пред јубилејот од 20 години следната година“, рече синоќа уметничката директорка Рисима Рисимкин.

Синоќа играа 18 танчари кои претставија извонредна техника, софистицираност и експресивност. (Фото: Ѓ. Личовски)

„Таленти во движење“ е составена од повеќе кореографии од осуммина истакнати светски кореографи, играа 18 танчари кои претставија извонредна техника, софистицираност и експресивност. Претставата се изведе во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и Македонија, а за одличните односи и поддршка меѓу двете земји говореше амбасадорот Дирк Јан Коп.

(Фото: Ѓ. Личовски)

На отворањето беа доделени наградите Менада за поддршка на современиот танц. Годинашните добитници се Универзитетот Кодартс во Ротердам, со чија поддршка беше основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што во 2017 се вдоми Катедрата за современ танц.

(Фото: Ѓ. Личовски)

На 10 април во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се изведе новата кореографија на Бобан Русески „Табу република“, во продукција на Скопје танцовиот театар. Следна претстава е на 12 април, во продукција на американската „Далас Блек танцовата компанија“.

До крајот на Танц фест, на сцената на МКЦ ќе бидат претставени современи кореографии на Јакуб Черулик од Словачка, Сандра Махвама од Романија, Гилда Цесарио од Италија, „А приори“ компанијата од Грција.

(Фото: Ѓ. Личовски)

Македонската танцова сцена ќе биде претставена со кореографиите „Одење и слични кореографски решенија“ на Филип Петковски, на 28 април на Малата сцена на НОБ и „КОД #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола, која ќе се изведе на 24 април во Кино Фросина во МКЦ. Скопје танцовиот театар на 11 април во МНТ, ќе ги претстави новите продукции „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска и „Блокови“ на Дејан Битровски, во кои учествуваат танчерите на компанијата и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

(Фото: Ѓ. Личовски)

На 26 април на сцената на МНТ е најавена премиерата на најновата кореографија на Рисима Рисимкин „Леди Магбет“, која годинава е поканета да гостува на Шекспир фринџ фестивалот во Верона, Италија.

Б. НЕСТОРОСКА

(Фото: Ѓ. Личовски)

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Алегри за ремито со Интер: Реален резултат, реваншот ќе биде решавачки

Следно

Ердоган повика на итна реформа на Советот за безбедност на ОН

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: „Само напред, момци!“ – по победата над Лихтенштајн

По убедливата победа од 5-0 против Лихтенштајн, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, се сретна со македонските фудбалери за да им честита на успехот. „Само напред, момци! Сигурно и самоуверено,

Педофил од Германија снимал голи деца на плажа во Истра, го фатил чуварот

Мажот бил пронајден во туристички објект во областа на Истра од страна на вработен во компанија за обезбедување додека педофилот тајно снимал голи деца на плажа со својот мобилен телефон, соопшти полицијата.

Квалификации за СП 2026: Шпанија ја “распарчи“ Турција, Белгија го “торпедира“ Казахстан, четата на Нагелсман се мачеше…

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Вечерва се одиграа неколку натпревари од квалификциите за СП 2026. Фудбалска Турција ќе го памети вечно овој 7 септември 2025 година зошто на свој терен, во Коња

Gmail конечно ќе ве извести

Google продолжува да го развива Gmail како централно место за комуникација, а наскоро корисниците би можеле да добијат неколку практични функции за интеграција со Google Chat. Како што објави Android Authority, во

Памела Андерсон проговори за врската со Лиам Нисон, сите се зачудени: Тоа би била смртна казна (ФОТО)

Уште едно признание што го потврдува нејзиниот статус на филмска икона и фактот дека оставила сериозен белег во Холивуд. Но, додека камерите светкаа за наградата, публиката уште повеќе чекаше на нејзиниот коментар
Go toTop