Пациенти сведочат за Онкологија – се жалат дека главно се соочувале со недостиг на терапија

November 1, 2023
1 min read

реклама


Во сведочењето пред членовите на Анкетната комисија Македонка Икономова Давчева рече дека не забележала нешто сомнително и верува дека ја примала хемотерапијата бидејќи додека одела да ја прими терапијата во Дневната болница сестрите ги оставале лекарствата на шкафчето до неа.  Биолошка терапија не примала, таа била воведена во 2018 година, а болните од карцином за ова лекување гледале многу поголема надеж за нив. Вели дека терапии почнало да нема откако екс министерот Венко Филипче си заминал од функцијата.

„Ние легнуваме на тие креветчиња каде што ја примаме хемотерапијата, сестра друга оди ја носи терапијата ја става до нас на шкафчето, така што можам да прочитам дали тоа што е пишано на извештајот од докторот и тоа што е оставено на моето масиче до мене е истиот лек. И верувајте дека три години немаше никаков проблем со недостиг на лекови. Кога си поднесе оставка екс министерот Венко, сега не знам точно колку месеци после, почна да се јавува недостигот на таа терапија“, вели Македонка Икономова Давчева.

реклама

Сведочеше и Дарјан Петров за лекувањето на неговата мајка болна од карцином која во 2020 ја загубила битката со болеста. Рече дека со мајка му која и самата била докторка главно оделе на лекување во приватни болници а голем дел од терапиите ги набавувале од странство.

„Земавме неколку резерви од Париз за таа цитостатска терапија и одевме на Клиниката за онкологија овој пат, пролетта – летото 2019 и таа се инјектираше само во Клиниката, меѓутоа терапијата беше наша купена од Париз. Беше ветено од тогашниот директор на Клиниката дека кога ќе истечат тие резерви што ги имаме ние, дека Клиниката обезбедува терапија која следува од самиот Фонд. Мајка ми видно вознемирена тој ден рече, директорот и кажал – извинете докторке меѓутоа терапијата денес  нема да можете да ја примите бидејќи не е стигната на клиниката“, вели Дарјан Петров.

реклама

За сведоци денеска биле повикани и народниот правобранител Насер Зибери кој одговорил дека не е во можност да присуствува, а претставници од Здружението „Борка“ не одговориле на повикот да сведочат за работењето на Онкологија.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Урсула фон дер Лајен во Сараево: Иднината на БиХ е во Европската Унија

Следно

Околу 110 лица со странски пасоши ја напуштија Газа преку преминот Рафа

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop