Партиите ја дигнаа пропагандната борбена готовост, кому тоа ќе користи?

February 28, 2024
1 min read

Партиите во Македонија ја дигнаа „борбената готовост“. До изборите има уште бајаги, ама партијците почнаа да пукаат од сите пропагандни оружја.

Соопштенија, изјави, обвинувања, реакции, повици, апели, најави, прес-конференции, интернет спотови… со сето ова сме бомбардирани сите во земјава. Рафалите посебно се силни и долготрајни од најголемите партии. Во погон се ставени сите партиски ешалони, од раководствата, па до лепачите на плакати, од осмислувачите на прес конференции до оние кои сето тоа го соопштуваат, се чини се трага и по нови партиско-пропагандни техники… само за да се сврти вниманието на гласачите, а и да се оцрни противникот.

Практично, нема тема, нема повод за кој не се дава партиска реакција или став. Опозицијата обвинува за високата инфлација, за сомнителни набавки, нерасветлени убиства, за вината и за решенија за проблемите со пасошите, за тоа како се трошеле парите во РЕК „Битола“… Власта, пак, одговора со контраобвинувања за неспособноста на опозицијата, за нејзините блокади од кои губат граѓаните…

А сето ова е само дел од активностите, каде се тука многуте изјави на партиските и владините функционери, па објавите на социјални мрежи, па… Просто човек да се изгуби во морето на реплики и контрареплики, на соопштенија и контрасоопштенија…

Јавниот и медиумскиот простор е буквално преплавен со она што го соопштуваат најголемите партиски и коалициски групации на секои час-два се со цел да ги убедат граѓаните и гласачите дека тие се во право, дека вистината е на нивна страна и дека тие треба да си ја добијат довербата.

Ваќа ќе прават до самиот изборен ден?

А што добиваат граѓаните со тоа? Добиваат хаотична кампања која тешко се следи, а уште потешко од неа може да се добијат вистински сознанија. Добиваат задушен информативен простор, неможност да донесат објективен суд за она што е партиски став и аргумент, а што…

Да не зборуваме дека (како што тргнало) што повеќе ќе се доближува изборниот ден сето ова уште ќе се засилува, а и агресивноста на соопштенијата и настапите ќе расте…

Уште има време партиските раководства да се запрашаат дали ваквиот пропагандна борбена готовост е навистина она што им е потребно на граѓаните, а и дали сето тоа ќе донесе добро за самите партии?

 

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски пристигна во Тирана за самитот Украина-Југоисточна Европа

Следно

ВИДЕО: Трките во Формула 1 ќе бидат снимани со дрон кој лета со – 350 километри на час!

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop