Парното од денеска поскапо за 4,51 отсто, корекции на цената ќе нема до крајот на грејната сезона

November 1, 2023
1 min read

реклама


 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе одлука со која за 4,51 отсто се зголеми цената на парното греење во Скопје. Според најавите од РКЕ, не се очекува да и ма корекција на цената до крајот на грејната сезона и покрај најавеното воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на мегават час руски природен гас низ бугарскиот гасовод.

-Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, рече вчера претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

реклама

Тоа, како што кажа, не е работа на РКЕ, а една од опциите е и да ни се зголеми капацитетот на интерконективниот гасовод што го имаме со Бугарија за да може да доаѓа природен гас и од други земји, освен од Русија. 

-Сметам дека Македонија на ниту еден начин, со ништо, не предизвикала цената на природниот гас во државата да се зголеми, рече претседателот на РКЕ. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граничниот премин Рафа отворен за повредените од Газа

Следно

Отворена границата со Египет, се евакуираат странци и тешко повредени од Газа

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop