Отворена границата со Египет, се евакуираат странци и тешко повредени од Газа

November 1, 2023
1 min read

Договорот им дозволува на имателите на странски пасоши и на некои критично повредени лица да излезат од граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа, иако нема временска рамка колку долго ќе остане отворен за евакуација, додал изворот на Ројтерс

Луѓе држат египетски и палестински знамиња на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа, Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Катар во соработка со САД посредуваше во постигнувањето договор меѓу Египет, Израел и Хамас за да им се дозволи на странските сопственици на пасоши и на некои тешко повредени лица да ја напуштат опколената Газа, изјави денеска за Ројтерс извор запознаен со договорот.

Договорот им дозволува на имателите на странски пасоши и на некои критично повредени лица да излезат од граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа, иако нема временска рамка колку долго ќе остане отворен за евакуација, додал изворот.

„Договорот не е поврзан со други прашања за кои се преговара, како што се заложниците држени од Хамас, палестинската исламистичка група која владее со Газа или паузите осмислени за да ја олеснат хуманитарната криза во енклавата која страда од недостиг на храна, вода, гориво и лекови“,

рекол изворот на Ројтерс.

Хамас соопшти дека наскоро ќе ослободи некои странски заложници

Израел ги испрати своите сили во Газа по неколкунеделно воздушно бомбардирање како одмазда за големиот напад на Хамас на 7 октомври.

Хамас им кажа на посредниците дека наскоро ќе ослободи некои од околу 200-те странски затвореници што ги киднапираше за време на нападот врз Израел, изјави Абу Убаида, портпарол на вооруженото крило на групата Бригади Ал-Касам во видео објавено вчера на апликацијата Телеграм.

Тој не кажа колку затвореници се притворени или каква националност се.

Египет подготви теренска болница во Шеик Зувејд во Синај, информираат медицински извори. Вчера во Рафа беа испратени десет амбулантни возила.

Израел ја опколи Газа по нападот на Хамас, а ОН и други претставници на хуманитарната помош рекоа дека цивилите во енклавата живеат во јавно-здравствена катастрофа при што болниците се борат да ги одржат во живот повредените додека продолжуваат прекините на струја.

Во средата, комуникациите и интернет услугите повторно беа целосно прекинати во енклавата, соопшти „Палтел“, најголемиот телекомуникациски провајдер во Газа.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парното од денеска поскапо за 4,51 отсто, корекции на цената ќе нема до крајот на грејната сезона

Следно

Израел фрли 18.000 тони бомби во Газа, 1,5 пати повеќе од бомбите фрлени во Хирошима

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop