Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија.
Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена од претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, а ќе има средби и со претседателот и членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и со претседателот и членовите на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република.
ИЗВОР: kurir.mk