ПАРИТЕ ОД ПРОДАЖБАТА НА „ПРОНАЈДЕНОТО ВРЕМЕ“ ОД ПРУСТ ВО ПРЕВОД НА ПРОФЕСОРОТ ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

April 8, 2025
1 min read

На Филолошкиот факултет во Скопје беше промовиран Вториот том од романот „Пронајденото време“ кој е последен дел од романот „Во потрага по загубеното време“ на францускиот писател Марсел Пруст, а го преведе професорот д-р Ѓорѓи Марјановиќ кој почина во 2022. Промоцијата се одржа точно три години отако почина Марјановиќ, и сите средства од продажбата на книгата ќе бидат наменети за поддршка на образованието на деца без родители.

„Со објавување и промовирање на вториот том од овој роман од Марсел Пруст се заокружува еден од најобемните и најзначајните преведувачки подвизи во македонската културна средина, долгогодишниот сон на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој како редок библиофил, пасиониран љубител и познавач на француската литература, со огромен ентузијазам и творечка возбуда го вложи своето време, преведувајќи го едно од најзначајните капитални прозни дела на ХХ век“, рече деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Владимир Мартиновски.

Емотивен говор имаше Александар Марјановиќ, синот на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој е директор на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

„Оваа промоција не е само културен настан, туку таа е исполнување на сонот на мојот татко. Речиси 15 години, со тивка упорност, работеше на овој превод, далеку од јавноста, но блиску до вечните вредности на книжевноста. Во негова чест, сите средства од продажбата на книгата ќе бидат наменети за поддршка на образованието на деца без родители. Тоа е најдобриот начин да му се оддаде почит, со дело што ќе продолжи да живее и да помага“, рече Александар Марјановиќ

На промоцијата збпруваа и проф. д-р Ирина Бабамова и проф. д-р Елисавета Поповска, а модератор на настанот беше д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска.

Промоцијата се одржа во рамките на манифестацијата „Денови на франкофонијата“, а ја  организираа Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓународниот ден на Ромите и евроинтеграциите: Меѓу декларации и реалност

Следно

Таравари откри дека Мицкоски побарал гаранција од Брисел и Вашингтон

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop