Пари за Дрин Ахмети за иновации, никој не проверил како се потрошиле

February 9, 2024
1 min read

Владата ќе има рок во наредните два месеца да одлучува за евентуално разрешување на раководството на Фондот за иновации, откако Антикорупциската комисија утврди нерегуларности во работењето. Пријавата што антикорупционерите ја разгледуваа се однесува за добиените грантови на две фирми во сопственост на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. ДКСК побара одговорност од директорот на Фондот, Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции. Сега единствено се чека одлуката јавно да биде објавена.

„Владата треба да одлучи во рок од 60 дена дали ќе преземе конкретни мерки, бидејќи Државната комисија со иницијативата нема законски право да ја определува мерката, тогаш за утврдувањето одговорност се остава мерката да се определи од надлежниот орган, во овој случај Владата, која може да биде од опомена до разрешување, тука ДКСК не навлегува“, вели Нури Бајрами – поранешен член на ДКСК.

Според Бајрами, Фондот спорно овозможил проектите што ги работеле компаниите на Дрин Ахмети, Тхор индустриес и Еверест да го скратат времетрањето на реализација. Фондот тоа го одобрил иако немало законска можност за тоа. Воедно компаниите доцнеле или вооптшо не доставиле завршни извештаи, а Фондот не презел никакви мерки. Исто така Фондот не извршил ниту една теренска проверка за да види како тече реализацијата на проектите. Сепак, ова не било изолиран случај.

„Ние се придржавме до наводите во пријавата, а таа се однесуваше на двете фирми на Дрин Ахмети, но од податоците што ги добивме, ваквото работење не се однесувало само на доделувањето на грантови на овие две фирми, бидејќи и порано така се постапувало, според Правилник за инструментот за поддршка кој не е јасен и не е таксативно напишан согласно закон“, додава Бајрами.

Иновативните проекти на фирмите на Дрин Ахмети неофицијално се однесувале на 3Д моделирање и менаџирање со податоци. За Дрин не се бара одговорност, бидејќи не е службено лице. Фирмите Тхор индустриес и Еверест добиле пет милиони денари од огласот тежок шест милиони евра. Компанијата Еверест пак е со седиште во Соравија, каде Дрин Ахмети без вложен денар стана косопственик на трговскиот центар во центарот на Скопје.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бујар Османи се спрема за претседател на државата, реагира албанската опозиција

Следно

Нетанјаху ѝ наредил на војската да подготви план за евакуација на цивилите од Рафах

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop