Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

May 9, 2025
1 min read

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса.

Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди дека многумина се вртат кон технологијата, парите, моќта и задоволството, наместо кон црквата.

„Недостатокот на вера често е трагично придружен со губење на смислата во животот, занемарување на милосрдието, ужасни повреди на човечкото достоинство, криза на семејството и многу други рани што го мачат нашето општество.“ – Лав 14 поглавар на римокатоличката црква.

Порака за успех до новиот Папа но и надеж дека ќе го продолжи, дијалогот меѓу истокот и западот, испрати вселенскиот патријарх, Вартоломеј. Се надева дека новиот поглавар на Римокатоличката црква ќе работи на исполнување на универзалните идеали за слобода, еднаквост, правда и солидарност.

„Се сеќавам од она што го научив во Рим дека Лав Тринаесетти бил познат по своето социјално учење и општествениот придонес. Се надеваме дека Лав Четиринаесетти ќе се поклони пред придонесот на црквата во светот, не само од општествена перспектива, туку со неговата улога и неговите дела, новиот брат, епископот од Рим дека ќе понуди одговор на егзистенцијалните проблеми, кои и денес продолжуваат да го загрижуваат човештвото.“ – Вселенски патријарх Вартоломеј.

И голем број на светски лидери му честитаа на новоизбраниот папа Лав 14-ти. Францускиот претседател Емануел Макрон повика да донесе мир во светот додека пак за новиот германски канцелар, Фридрих Мерц , папата им дава надеж на милиони верници ширум светот во овие тешки времиња. За Доналд Трамп голема чест преставува тоа што тој е прв американски папа додека пак Шпанскиот премиер Педро Санчез , се надева дека новоизбраниот папа ќе успее да придонесе за зајакнување на одбраната на човековите права.

„Нека неговиот понтификат придонесе за зајакнување на дијалогот и одбраната на човековите права во свет на кој му се потребни и надеж и единство.“ – Педро Санчез премиер на Шпанија.

Кардиналот од Чикаго, Роберт Френсис Превост, по четири круга гласање беше избран за нов папа на Католичката црква по само 24 часа конклава во Сикстинската капела. Познат по својот тивок стил и поддршката за реформите на неговиот претходник Франциско, Превост се залага за социјална правда, еднаквост и поголема отвореност на Црквата.

Роден на 14 септември 1955 година во Чикаго, има диплома по математика, магистратура по теологија и докторат по канонско право од Папскиот колеџ „Свети Тома Акински“ во Рим. Како член на Редот на августинците, тој е ракоположен за свештеник во 1982 година и поминал повеќе години на мисии во Перу, каде што служел и како епископ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мојаноски во Аргумент плус: Очекуваме дека новиот папа ќе продолжи да чекори по стапките на папата Франциск

Следно

ВИДЕО Маж со нож се шеташе и закануваше по Широк Сокак, по пријавата на ТВ21 итно е уапсен

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop