Папата Франциск: Хомосексуалноста не е кривично дело

January 25, 2023
1 min read

Тој призна дека католичките бискупи во некои делови од светот ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТК-заедницата, а тој самиот ова прашање го нарече „грев“

Папата Франциск ги критикуваше законите кои ја криминализираат хомосексуалноста и ги нарече неправедни велејќи дека Бог ги сака сите свои деца какви што се. Тој, исто така, ги повика католичките бискупи да им посакаат добредојде на ЛГБТК-луѓето во црквата.

„Хомосексуалноста не е кривично дело“,

рече тој вчера за време на интервјуто за Асошиејтед прес.

Во исто време, тој призна дека католичките бискупи во некои делови од светот ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТК-заедницата, а тој самиот ова прашање го нарече „грев“. Но, таквите ставови тој ги препиша на културното наследство и рече дека владиците треба да поминат низ процес на преобраќање за да се препознае достоинството на сите.

„Тие епископи мора да се преобратат и да ја покажат нежноста што Бог ја има кон секој од нас“,

рече папата.

Приближно 67 земји или јурисдикции ширум светот ги криминализираат истополовите сексуални односи, од кои 11 носат смртна казна за таква активност. Во САД, повеќе од десетина држави сè уште имаат закони против содомијата и покрај одлуката на Врховниот суд од 2003 година која ги прогласи тие закони за неуставни.

Обединетите нации во неколку наврати повикаа на укинување на законите кои директно ја криминализираат хомосексуалноста, тврдејќи дека тие ги кршат правата на приватност и слободата од дискриминација и претставуваат кршење на обврските на земјите според меѓународното право за заштита на човековите права на сите луѓе, без оглед на нивната сексуална ориентација или родов идентитет.

Прогласувајќи ги таквите закони за „неправедни“, папата Франциск рече дека Католичката црква може и треба да работи на тоа да им се стави крај.

„Тоа мора да се направи тоа. Мора да се направи тоа“,

рече тој.

Франциск потоа го цитираше Катекизмот на Католичката црква дека хомосексуалците треба да се почитуваат и прифатат и не треба да бидат маргинализирани или дискриминирани.

„Сите ние сме Божји деца и Бог нѐ сака такви какви што сме. Хомосексуалноста не е кривично дело. Тоа не е кривично дело. Тоа е грев. Добро, треба да правиме разлика помеѓу грев и криминал. Исто така, грев е да не се прави добро на другите“,

изјави Франциск за АП.

ЛГБТ заедницата го критикуваше папата Франциск поради декретот од 2021 година на доктриналната канцеларија на Ватикан во кој се вели дека црквата не може да ги благослови истополовите партнери „бидејќи Бог не може да го благослови гревот“.

Во 2008 година, Ватикан одби да потпише декларација на ОН со која се повикува на декриминализација на хомосексуалноста поради термините како што се „сексуална ориентација“ и „родов идентитет“ за кои сметаше дека се проблематични. Во тоа време, сепак, Ватикан ги повика земјите да не спроведуваат „неправедна дискриминација“ на хомосексуалците и да ги укинат казните против нив.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стефковски: Доста е со лагите на Левица, изградена е монтажната трибина на игралиштето во Јурумлери

Следно

Најмалку 157 Авганистанци починаа од студ

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop