Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

January 29, 2023
1 min read

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска го осуди растечкото насилство на Блискиот Исток и ги повика двете страни во израелско-палестинскиот конфликт „искрено да бараат мир“.

„Спиралата на смртта која се зголемува од ден на ден само ја затвора трошката доверба која постои меѓу два народа“, рече Папата по традиционалната молитва на плоштадот „Свети Петар“.

Папата апелираше за мир по двата вооружени напади во Источен Ерусалим во петокот и саботата, во кои загинаа седум лица, а петмина беа ранети, како и смртоносните судири на Западниот брег.

Од почетокот на оваа година во тие конфликти од израелски оган загинаа 32 Палестинци, многумина беа вооружени, но загинаа и цивили кои не беа вклучени во конфликтите.

„Од почетокот на годината, десетици Палестинци се убиени во судирите со израелската армија. Апелирам до двете влади и меѓународната заедница да најдат друг начин без одлагање, вклучувајќи дијалог и вистинска потрага по мир“, рече папата Франциск, додавајќи дека со големо жалење ги примил вестите што доаѓаат од Светата земја.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владимир Путин е отворен за разговори со канцеларот Шолц, вели Песков

Следно

Средба на Спасовски и Демерџиев утре во Скопје

Latest from Blog

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква
Go toTop