Панова: Зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати

November 18, 2024
1 min read

Во текот на денешната општа расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, при што посебен акцент и осврт даде на судството и обвинителството кои до сега немале повисоки буџети.

Таа истакнува дека буџетот на судската власт е за речиси 8% поголем од буџетот предвиден за 2024 година, додека пак кај обвинителството зголемувањето е за 9,5%, но истовремено од друга страна, во последните години довербата на граѓаните во правосудството е алармантно ниска или само 2%, што е аларм дека системот не функционира како што треба и дека граѓаните не го чувствуваат истиот како средство за заштита на нивните права.

„Во овој контекст, поставувањето на барањето за зголемени средства за правосудството и обвинителството мора да биде предмет на внимателен преглед. Дали повеќе пари ќе го решат проблемот? Не, ако нема реформи во самиот систем. Буџетските средства не можат да го поправат структурниот проблем што лежи во етиката и интегритетот на самите судии и обвинители“, децидна е Панова.

Според неа, доделувањето на поголеми финансиски средства треба да биде условено со потполна системска реформа која истовремено ќе значи и повисоки стандарди на морал и етика во правосудството, бидејќи на нашето општество му е потребен систем кој ќе биде ефикасен, правичен и професионален.

„Предлогот за зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати. Првенствено, мора да се постават стандарди за избор и оценка на судиите и обвинителите, кои ќе бидат транспарентни и јавни. Треба да се обезбедат механизми за надзор и санкционирање на неетичкото и неефикасно работење. Сè тоа ќе биде основа за изградба на довербата што ја изгубија нашите граѓани“, заклучува Панова.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Спречен нелегален транспорт на телиња во Дебар

Следно

Сепак ќе патуваме со зелен картон, комплексно било укинувањето

Latest from Blog

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека следната недела ќе го посети Вашингтон на разговори со американските претставници, јавува Анадолу. „Се очекува следната недела да заминам на средби во

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан
Go toTop