Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека балансерот морало да биде укинат, бидејќи со него биле вработувани и луѓе кои не оделе на работа, а со тоа била и уништена администрацијата со оваа алатка.
„Дали со овој проблем се наметна во администрација да мора да бидат вработени луѓе кои воопшто не одат на работа. Со балансерот и преку партиските вработувања, ние ја уништивме администрацијата“, рече Панова.
ИЗВОР: ТВ 21