Пандов: Има затворски полицајци коишто работат во затворот Шутка кои не треба да носат полициска униформа, го срамат затворскиот систем!

February 14, 2025
1 min read

Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка, кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Пандов истакна дека по пронајдените телефони кај Васил Јованов, интервентна полиција извршила претрес во притворскиот дел на затворот, при што биле откриени 70 телефони. Контроли биле направени и три дена подоцна, кога повторно биле пронајдени уште 35 телефони. Во дополнителни контроли, извршени во полу-отворените и отворени одделенија, биле откриени околу 30 телефони.

– По откривањето на телефонот во Шутка, веќе следниот ден интервенцијата продолжила. При претресот во притворскиот дел биле пронајдени 70 телефони. Три дена подоцна, повторно направен е претрес и се откриени уште 35 телефони. Во понеделникот бевме во Штип и Струмица, но таму наоѓаме само три телефони, изјави Пандов, нагласувајќи дека бројките од Шутка го загрижуваат.

Тој упати остри критики за дел од затворскиот персонал во Шутка, нагласувајќи дека некои полицајци кои работат таму не треба да носат униформа, бидејќи го срамат целиот затворски систем. Според него, тие треба да бидат избркани и ако се фатат, ќе одговараат.

– Како споредба, во понеделникот исто таква интервенција имавме во штипскиот затвор и тие беа да направат контрола во затворот во Струмица, каде има од прилика 110 затвореници, а беа најдени само три телефони. Има дел затворски полицајци кои што работат во затворот Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем. Треба да им биде јасно дека сите до еден ќе бидат фатени и ќе бидат избркани од работа. Ќе се потрудам со цел мој авторитет којшто го имам тие да се најдат позади решетки. Во последните акции кои што ги имавме се испостави дека одредени ликови кои иако се наоѓале во затворите биле на чело на нивните кланови и банди со кои командувале внатре од затворите, изјави Пандов.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костова: ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале политика волја да ги покачуваат платите и животниот стандард

Следно

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија заслужува да оди напред и да не биде заложник на билатерални спорови

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop