Палестинец убиен при израелска рација во окупираниот Западен Брег

January 5, 2025
1 min read

ЏЕНИН (АА) – Еден Палестинец е убиен во рација на израелската армија во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.

Палестинското Министерство за здравство објави дека израелската армија извршила рација во појасот Мислун, јужно од Џенин.

Во инцидентите што се случија за време на рацијата животот го загуби Палестинецот Хасан Али Рабија (40).

Според информациите добиени од очевидци, по рацијата на израелските војници, во градот било испратено засилување.

Израелските сили опколиле куќа во градот и употребиле огнено оружје.

Од 7 октомври 2023 година, кога Израел ги започна геноцидните напади врз Појасот Газа, зголемен е бројот на притворања, рации и напади врз Палестинците во окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се кројат лозјата во Тиквешко

Следно

Најавен е спектакл: Филхармоничари и солисти од Македонија, Грција и Бугарија заеднички ќе ја изведат „Кармина Бурана“

Latest from Blog

Омерагиќ: Репрезентацијата е гордост што не смее да зависи од еден резултат

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати порака за единство и поддршка кон македонската репрезентација, истакнувајќи дека тимот претставува многу повеќе од резултат. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме

Две последователни седници во Прилеп: Советниците со фокус на буџетот и комуналните претпријатија

Советниците на Советот на Општина Прилеп одржаа две последователни седници. На 12-тата седница советниците поставуваа советнички прашања, поврзани со инфраструктурното и комуналното уредување на градот, како и со економско-финансиското работење на Општината

Весникот „Илинден“ одбележа 15 години – мост меѓу Македонците во Албанија и татковината

Тирана свечено беа одбележани 15 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кое претставува еден од клучните медиуми за информирање и афирмација на македонската

1,45 милиони денари за културно-уметничките друштва: Нов јавен повик од Општина Битола

Со цел збогатување на фолклорот, негова поголема афирмација, афирмација на Општината преку промоција на традицијата и поголема вклученост на младите кои ќе ја негуваат традицијата и културата во нашиот град, Општина Битола

Важно известување за корисниците на Бајненс платформата во Македонија: Наводната група на Вајбер не е официјален канал на Бајненс

Вајбер групата именувана како „111 Заедница za kriptovaluti“, како и пораките и комуникацијата што се споделуваат во неа, не се официјално поврзани со Binance и не се водени, одобрени или поддржани од Binance на кој
Go toTop