Најавен е спектакл: Филхармоничари и солисти од Македонија, Грција и Бугарија заеднички ќе ја изведат „Кармина Бурана“

January 5, 2025
1 min read

 Во сала 1 на НДК под диригентство на маестро Најден Тодоров ќе биде изведена сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, информираат од Софиската филхармонија. Според нив, овој концерт е симбол на културната соработка во регионот.

На 17 февруари на концертот ќе учествуваат и Филхармонијата на Република Северна Македонија и Државниот симфониски оркестар од Солун, Грција, како и Националниот филхармонски хор.

Солисти се сопранистката Ана Дурловски (Република Северна Македонија), тенорот Николас Спанос (Грција) и баритонот Иво Јорданов (Бугарија).

„Кармина Бурана“ е едно од најголемите музички дела што се претвори во „бестселер“ на 20 век. Со своето извонредно влијание врз слушателите, „Кармина Бурана“ ги освои срцата на генерации. Композиторот Карл Орф го создаде ова иконично дело, инспирирано од средновековната поетска антологија Codex Buranus. Премиерата во 1937 година во Германија предизвика сензација и го означи почетокот на светскиот триумф на кантатата, велат од Софиската филхармонија.

„Кармина Бурана“ во себе обединува антички текстови, волшебни мелодии и моќни ритми. Вклучувајќи хор, солисти, богата оркестрација и сценско дејство, делото раскажува за кревкоста на човечката судбина, за радостите на пролетта, за бурните љубовни страсти и за задоволствата на животот. Еден од највпечатливите делови е O Fortuna, кој стана музички симбол во целиот свет.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинец убиен при израелска рација во окупираниот Западен Брег

Следно

Една четвртина од возачките без „северна“: Полицијата само опоменува, не казнува, барем засега

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop