Палестинец, сопственик на ресторан во Лондон, добива секојдневни смртни закани

November 11, 2023
3 mins read

ЛОНДОН (АА) – Палестински ресторан во британската престолнина добива заканувачки повици веќе еден месец, но неговиот сопственик вели дека ќе се спротивстави и понатаму ќе ја одржи жива палестинската култура, пишува Анадолу.

„Ќе дојдам и ќе ти го одземам животот… Израел засекогаш“, е само една од десетиците заканувачки повици што ресторанот секојдневно ги добива од 7 октомври, кога почнаа израелските напади врз опколената палестинска енклава Газа. Поплавата од повици понекогаш го принудува лондонскиот бизнисмен да го исклучува телефонот.

На Мерилебон Роуд, клиентите кои влегуваат во ресторанот ги пречекува развиорено палестинско знаме на ѕидот, но и други слики и предмети од културата на Палестинците наредени во ресторанот, меѓу кои се и везови и националните бои на Палестина – црна, бела и зелена.

Има и портрети на познати личности кои изразиле поддршка за Палестина, меѓу кои се и американската актерка Анџелина Џоли, египетскиот комичар Басем Јусеф и моделот Бела Хадид, како и од Ширин Абу Аклех, палестинската новинарка застрелана од израелските војници минатата година.

„Само сакам луѓето да се чувствуваат како да се во палестински ресторан во Палестина“, изјави за Анадолу Халим Керелах, сопственикот на ресторанот.

Керелах рече дека исто така сака луѓето да се чувствуваат како да доаѓаат во „кујната на мојот родител, во мојот дом“.

Во интервју за Анадолу во ресторанот, тој рече дека сè уште добиваат смртни закани кои се интензивирале во последните 10 дена.

„Тие се закануваат дека ќе дојдат и ќе ги убијат вработените, и дека ќе дојдат да ги претепаат. Доаѓаме кај вас“, раскажа Керела за заканите, додавајќи дека дури и пред моменталниот наплив на повици, редовно добивале заканувачки повици.

„Бидејќи сето тоа многу нервира, им реков да го исклучат телефонот“, додаде Керелах, жител на Лондон веќе 20 години.

За среќа, повиците не се манифестирале во некој поголем физички напад, освен случајот кога едно лице фрлило предмет кон ресторанот, а друго ставило навредлива налепница на вратата.

Неговиот персонал смета дека „овој ресторан има мисија, да ја одржува палестинската култура жива, и нема да дозволиме луѓето да ја убијат“, вели Керелах.

Полицијата започна истрага за инцидентот и идентификува двајца до тројца осомничени во врска со заканувачките повици, рече тој, среќен што е преземено нешто.

Керелах, исто така, истакна дека кога се дознало за заканувачките повици, ресторанот добил и многу повици од различни групи кои изразиле солидарност.

„Добиваме 10 до 20 телефонски повици од Евреи кои ни кажуваат колку им е жал“, рече тој.

Голема поддршка дошла и од градоначалникот Садик Кан, кој го посетил ресторанот, нагласувајќи дека е неприфатливо сопствениците на бизниси да бидат жртви на „одвратните кривични дела од омраза“ во Лондон.

„Не смееме да дозволиме омразата да нé подели – мораме да застанеме во солидарност со погодените заедници и да се стремиме кон единство“, порача тој преку платформата X минатата недела.

Како Палестинец кој живее во Велика Британија со децении, Керелах рече дека сè што ја претставува нивната култура ризикува да се соочи со такви предизвици.

„Мојата порака до сите е: ‘Не се предавајте, не дозволувајте да ве поразат и да продолжат понатаму.’ А ние секогаш, повторно ќе се издигнеме. Немаме што да криеме. Имаме силна кауза и силна култура и треба да дозволиме сите да ја видат и почувствуваат“, порача тој.

– Состојбата во Газа –

Раскажувајќи дека има семејство во близина на Јафа и внуци и внуки во пустината Негев во јужен Израел во близина на границата, Керелах рече дека многу од неговите роднини кои живеат во Газа се соочиле со екстремни потешкотии под израелските напади.

„Многу лошо. Лошо не е зборот што опишува доволно. Тоа е толку тажно и толку лошо“, рече тој.

Цивилите во Газа умираат под „колективна казна“, изјави Керелах, жалејќи за илјадниците деца и жени кои загинаа во енклавата во изминатите недели.

Керелах рече дека иако е импресиониран од огромната поддршка што западните земји ја дале на Украина во војната против Русија, истите овие земји имаат нула хуманост за Палестина.

„Но, никогаш нема да престанам да им се заблагодарувам на сите што леат солзи за нас. Сите што излегоа на демонстрациите, сите, поддржувачите, знам дека тоа се обични луѓе“, рече тој.

Многу е жално да се гледа дека западните влади и медиуми „не се навистина против Хамас, туку повеќе им штетат на децата и на жените“, рече тој.

Израел започна непрекинати воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади врз Појасот досега загинаа најмалку 11.078 Палестинци, од кои 4.506 деца и 3.027 жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа малолетничката што беше пријавена дека се оддалечила од домот

Следно

Кавга меѓу соседите за улицата во Бутел, сосетката тврди дека има судска одлука

Latest from Blog

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат

Јамал: Ако некој може да ги победи Французите, тоа сме ние!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија е подготвена за најголемиот предизвик на Светското првенство, полуфиналниот дуел со Франција, а најголемиот адут на „црвената фурија“ ќе биде Ламин Јамал. Дуелот меѓу Франција и Шпанија (денеска, 21:00 часот)

ВЛЕН: Со шест министри ќе го продолжиме мандатот со уште посилно темпо

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори. Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло
Go toTop