„Палестина секогаш ќе им припаѓа на Палестинците“

February 13, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Светски познатата палестинско-американска манекенка Бела Хадид во својата објава на Инстаграм истакна дека „Палестина секогаш ќе им припаѓа на Палестинците“, известува Анадолу.

Манекенката Хадид, позната по силната поддршка за Палестина, на својот профил на Инстаграм објави парче лубеница насликана во форма на симбол на палестинскиот отпор на која е напишано „Палестина им припаѓа на Палестинците“.

Нагласувајќи дека Палестина отсекогаш им припаѓала на Палестинците, Хадид во објавата вели: „Отсекогаш било вака и засекогаш ќе биде вака.“

Истакнувајќи дека корените на палестинската култура, лоза и историја не можат да бидат откорнати од која било сила, пари или личност, Хадид во објавата наведе:

„Длабочината на фактот за правото што го поседува палестинскиот народ секогаш ќе живее и ние тоа никогаш нема да го заборавиме.“

Изјавувајќи дека Палестинците погодени од нападите врз Појасот Газа и Западниот Брег треба да ги имаат основните човекови права, Хадид го даде следниов коментар:

„Тие ја заслужуваат слободата да доаѓаат и да си одат како што сакаат. Тие заслужуваат да останат поврзани со територијата на која стотици години живееле нивните предци, сакале и ги изградиле своите семејства и заедници. Тие не треба да живеат во страв, понижување или под окупација.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

Следно

Формула 1 доби писмо со критики за Големата награда на Африка

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop