Палестина побара од ОН да направат чекор за спречување на израелските прекршувања

May 25, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Палестина побара од Обединетите нации (ОН) да ги преземат сите можни мерки за спречување на израелските прекршувања, пренесува Анадолу.

Според писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Палестина, претставникот на Палестина во ОН, Ријад Мансур, пратил писма до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претседавачот со Советот за безбедност за мај, Паскал Кристин Баерисвил и до претседателот на Генералното собрание на ОН, Чаба Короши.

„Постојаните провокации на Израел, кражбата на територија, присилното раселување на палестински цивили, како и сите негови активности за населување на териториите на Палестина што се под окупација, вклучително и Источен Кудс, тешко го прекршуваат меѓународното право“, се вели во писмата.

Во овие писма се нагласува дека рацијата на екстремно десничарскиот израелски министер Итамар Бен-Гвир во Месџид ал Акса го прекршува историскиот и правниот статус.

Во писмата се наведува дека е потребно Советот за безбедност на ОН повторно да нагласи дека ја негира израелската доминација врз Кудс и врз другите палестински територии што се под окупација.

Мансур во писмата истакна дека Советот за безбедност требе да ги осуди активностите за населување на Израел.

Во овие писма се вели дека меѓународната заедница треба да преземе чекор што ќе овозможи да се запрат сите израелски воени злосторства против човештвото и големите прекршувања на човековите права.

Во писмата се укажува на важноста на заштитата на палестинскиот народ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Гутереш не му се по мерак ни Советот за безбедност, ни Бретон вудс

Следно

ЈА КОРИСТЕШЕ ТРАУМАТА ЗА ДА ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ – ЅВЕЗДИТЕ СЕ ЗБОГУВААТ СО РОК КРАЛИЦАТА ТИНА ТАРНЕР

Latest from Blog

Полицаец си ја убива партнерката за време на потера во Чикаго (Вознемирувачко видео)

Објавена е брутална снимка од камера на телото што го покажува моментот кога полицајката Кристал Ривера паѓа мртва откако е застрелана од нејзиниот партнер, Карлос Бејкер, за време на потера во Чикаго.

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот во општина Липково

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот кој денеска избувна во општина Липково. Пожарот настана по вчерашната акција на Скопска Црна Гора за лов на

Шефот на ФБИ се заканува со тужба на списание, кое објавило дека е често пијан

Пател ги нарече обвинувањата лажни и вети дека ќе се бори против обвиненијата, објави „Хил“. „Се гледаме на суд, ти и целата твоја свита на лажно новинарство… Продолжете со лажните вести, стандардот
Go toTop