Палестина го поздрави повикот на Шпанија за запирање на извозот на оружје за Израел

October 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестина денес го поздрави повикот на шпанскиот премиер Педро Санчез за запирање на извозот на оружје во Израел поради неговите напади во Газа и Либан, пренесува Анадолу.

Во соопштението, Министерството за надворешни работи истакна дека повикот на Санчез „целосно е во согласност со меѓународното право и резолуциите за меѓународна легитимност и го поддржува дводржавното решение и принципите за човекови права“.

Шпанскиот премиер во петокот ја повика меѓународната заедница да го запре извозот на оружје за Израел, истакнувајќи дека Шпанија ја прекинала продажбата на оружје на Израел во октомври 2023 година.

Палестинското Министерство нагласи дека „земјите кои обезбедуваат оружје и воена опрема за Израел се одговорни за неговото охрабрување да продолжи со своите злосторства и прекршувања против палестинскиот народ“.

Тој ги повика потписниците на Договорот за трговија со оружје „да дејствуваат решително за да ја прекинат израелската употреба на оружје и воена опрема за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право, човековите права и против палестинските цивили“.

Според последните податоци од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот, Соединетите Американски Држави ги покриле 70,2 отсто од потребите на Израел за конвенционално оружје во периодот од 2011 до 2020 година, потоа следат Германија со 23,9 отсто и Италија со 5,9 отсто.

Во април, американскиот Конгрес одобри 17 милијарди долари помош за Израел како дел од пакетот странска воена помош од 95 милијарди долари.

Податоците од Кампањата против трговијата со оружје (CAAT) открија дека Германија во 2023 година му продала оружје на Израел во вредност од 326,5 милиони евра, што е десеткратно зголемување во споредба со претходната година.

Регионалните тензии ескалираа поради бруталната офанзива на Израел во Појасот Газа, во која загинаа над 42.200 луѓе, главно жени и деца.

Конфликтот се прошири и во Либан, каде Израел започна со смртоносни напади во кои од 23 септември убиени се над 1.437 луѓе, повредени се најмалку 4.123.

И покрај меѓународните предупредувања дека регионот на Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, Тел Авив го прошири конфликтот со започнување на копнен упад во јужен Либан на 1 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

Следно

Нов закон за службените возила

Latest from Blog

Кривична пријава за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354,

Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ,

Во бомбашки напад врз владино возило во Северозападен Пакистан загинаа четири лица

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени откако врз владино возило е извршен бомбашки напад покрај патот во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, изјави официјален претставник, јавува Анадолу. Службеното
Go toTop