Петар Јанков за Струмица: На изборите Струмица донесува важна, храбра и историска одлука за промени

September 3, 2025
1 min read

Петар Јанков е кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката вечерва ја соопштија од партијата по седницата на Извршниот комитет.

-Голема благодарност до сите Вас за поддршката што ми ја давате во досегашниот период со надеж дека оваа поддршка и цврсто стегната рака на доверба ќе продолжи силно и убедливо. Струмица на претстојните избори донесува важна, храбра и историска одлука за промени. Струмица од нас очекува работа, многу работа, чесност и посветеност, објави Јанков на Фејсбук.

Јанков е роден е на 13 јануари 1976 година во Струмица. Основното образование го завршил во ООУ „Сандо Масев“, а средното во СОУ „Јане Сандански“ во родниот град. Своето високо образование го продолжил на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на отсекот Царина и шпедиција, каде ги завршил додипломските студии и стекнал звање дипломиран менаџер по царина и шпедиција.

Во периодот од 2007 до 2018 година Јанков бил дел од Царинската управа на Република Македонија, каде работел како виш цариник. По напуштањето на јавната служба, од 2018 година својата кариера ја продолжува во приватниот сектор.

Петар Јанков е оженет и татко на две деца.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ го кандидира Проданоски за градоначалник на Прилеп

Следно

Нагелсман пред дуелот со Словачка: Сите ние сакаме да го освоиме СП 2026!

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop