Пакистанската полиција уапси десетици приврзаници на поранешниот премиер Кан

March 20, 2023
1 min read

Пакистанската полиција уапси десетици приврзаници и помошници на поранешниот премиер Имран Кан во рации во два града, како дел од акцијата против лица вклучени во неодамнешните судири со безбедносните сили.

Ова денеска го соопштија од полицијата и партијата на Кан Терек-Е-Инсаф (ПТИ).

Приврзаниците на партијата се судрија со полицијата во градот Лахоре минатата недела, кога полицијата се обиде да го уапси Кан во неговиот дом.

Поддржувачите на ПТИ потоа се судрија со полицијата во Исламабад, кога Кан објави дека добил покана да се појави на суд.

Откако беше сменет од функцијата премиер на изборите во парламентот, Кан побара предвремени избори и организираше протестни собири низ целата земја. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ ќе ѝ даде еден милион парчиња артилериска муниција на Украина во следната година

Следно

Салихамиџиќ ги критикува фудбалерите: Ова не е Баерн

Latest from Blog

Младите во борба против корупцијата – Ристеска: За корупцијата се зборува многу, но има малку резултати

Борбата против корупцијата е приоритет и младите треба да бидат охрабрени да ја препознаат и да станат отпорни на секојдневната корупција. Ова го истакна Вирџинија Елиот претставник на амбасадата на САД, која

Градоначалникот на Бутел Костовски: Буџетот на општината за 2025 година ќе го направиме заедно со жителите и за нивните потреби

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со неговиот тим, направија важен чекор кон активно вклучување на граѓаните во креирањето на буџетот на општината за 2025 година. Организирани екипи на општината од

ПОМИНАА ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, А УШТЕ НЕ СЕ КОРИСТИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА ИСКРА ПАНОВСКА-ДИМКОВА

Законот за македонски јазик не се применува иако беше изгласан уште пред 10 месеци во Собранието, а не е формиран ниту Инспекторат кој треба да врши надзор за примената за законот, рече

Парламентарните групи за соработка како мост за приближување со Чешка

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешка. На средбата присуствуваше и чешкиот
Go toTop