Пакет со кадифено мече и жици: Поради добиена лажна бомба, евакуиран Парламентот на Холандија

April 13, 2023
1 min read

Парламентот на Холандија денеска беше евакуиран по добиена лажна бомба.

По еден час, откако беа извршени проверки полицијата дозволи враќање во зградата.

Лидерот на Партијата на слободата и пратеник, Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата.

– Пакет со кадифено мече и жици беше доставен во мојата канцеларија во Парламентот. За среќа немаше експлозив и не беше опасно, но не беше ниту забавно, напиша Вилдерс на Твитер.

Вилдерс е најпознат по неговите критики кон исламот и со години живее под строги безбедносни мерки бидејќи добива смртни закани. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден за еко-едукација во скопската гимназија „Кочо Рацин“

Следно

Танзанија го депортираше озлогласениот јужноафрикански бегалец кој ја лажирал сопствената смрт во пожар во затвор

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop