По цели 16 години на власт, Виктор Орбан го призна поразот од Петер Маѓар, кој со освоени 138 мандати обезбеди апсолутно мнозинство за коренити реформи. Овој историски пресврт носи огромно олеснување за Брисел, бидејќи Европската Унија го губи својот најголем внатрешен противник, што веднаш ги зајакна позициите на Урсула фон дер Лајен и европското единство, пишува „Политико“.

Како што се додава то текстот, победата на Маѓар е добра вест и за Украина поради веројатното одблокирање на финансиската помош, иако новиот лидер останува резервиран околу директното вооружување на Киев. На домашен план, најголеми добитници се младите генерации кои масовно гласаа за промени, како и лекарите и независните новинари кои очекуваат крај на долгогодишната медиумска и економска репресија.
На спротивната страна, според „Политико“, најголем губитник е Доналд Трамп, кој остана без својот најсилен сојузник во Европа, како и Владимир Путин, кој ја изгуби клучната алка за влијание во срцето на ЕУ. Поразот на Орбан е тежок удар и за европската радикална десница предводена од Ле Пен и Мелони, додека унгарските олигарси блиски до досегашната власт сега се соочуваат со најавени истраги за корупција и губење на државните привилегии, додава „Политико“.
Извор: vecer.mk


