Овие автомобили ќе вредат злато во 2025 година – Дали возите еден од нив?

March 13, 2025
1 min read

Според најновата анализа на осигурителната и проценителска компанија Hagerty, одредени класични автомобили значително ќе ја зголемат својата вредност во 2025 година. Оваа проценка не е случајна, туку резултат на детална анализа на квалитетот, дизајнот и побарувачката за секој модел.

Италијански легенди на врвот на листата
Најголемо изненадување е Alfa Romeo 147 GTA (2001-2005), спортски компактен модел со 3,2-литарски V6 мотор, кој веќе станува колекционерски класик. Неговата цена на пазарот веќе се искачи на околу 19.900 евра.

Тука е и Ferrari F355 (1994-1999), еден од најбараните Ferrari модели со препознатлив 3,5-литарски V8 мотор и звук кој многумина го споредуваат со „италијанска арија“. Неговата вредност варира меѓу 60.000 и 120.000 евра, во зависност од состојбата.

Трет претставник е Maserati Ghibli (1992-1998), модел со дизајн на Марчело Гандини и твин-турбо мотор од 325 коњски сили. И покрај повисоките трошоци за одржување, цените се движат од 11.000 до 65.000 евра.

Прифатливи класици и теренци со растечки потенцијал

За оние со поскромен буџет, Peugeot 106 (1991-2003), особено спортските верзии XSi и Rally, станува одлична инвестиција. Неговите цени моментално се 10.000 – 15.000 евра.

Најголемото изненадување е Toyota RAV4 (1994-2000), пионерот на компактните SUV модели. Верзиите со три врати се најбарани, а моментално чинат 700 – 6.000 евра, но аналитичарите очекуваат значителен раст на вредноста.

За љубителите на полуксузните теренци, Range Rover P38 (1994-2001) е сѐ побаран, иако некогаш имаше репутација на несигурен модел. Денес, неговата цена варира од 1.000 до 14.000 евра.

Два скапоцени камења за колекционерите

Листата ја заокружуваат Porsche 912 (1965-1969), кој нуди класично 911 искуство по пониска цена, и Subaru Impreza P1 (2000-2001), модел произведен во само 1.000 примероци, чија вредност сега се движи од 30.000 до 87.000 евра.

Ако поседувате еден од овие автомобили, можеби држите „златна кокошка“ – експертите препорачуваат да размислите двапати пред да го продадете.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НАТКАСТ со Борко Ристовски, министер за спорт

Следно

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Latest from Blog

Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена што е можно поскоро да премине кон прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори кон воспоставување целосен прекин на конфликтот во

Сончево и топло, до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во

Рони О’Саливен ја изненади британската јавност

Најголемата легенда на снукерот, Рони О’Саливан, ја шокираше јавноста со најавата дека ја напушта Велика Британија и се сели на Блискиот Исток, поточно во Саудиска Арабија Неговата одлука доаѓа по поразот на

УНРВА: Хуманитарната ситуација во Газа незамислива поради израелската опсада

ИСТАНБУЛ (АА) – Хуманитарната ситуација во Појасот Газа е „надвор од секоја замисла“, бидејќи Израел продолжи да ги блокира испораките во енклавата, соопшти денес Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА),
Go toTop