Оваа сабота REset & REtalks со Реплек и Елена Бубало: Вежбај, прашај и инспирирај се

October 15, 2025
1 min read

Во рамките на РЕсет платформата на
„Реплек“ за добросостојба, под мотото „За мое добро“, продолжува серијалот
вежбање со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало. Сесијата ќе се одржи в
сабота, 18 октомври, со почеток во 11.00 часот, во малата сала во СРЦ „Борис
Трајковски“. Овојпат платформата добива додадена вредност, бидејќи учесниците,
покрај да вежбаат, ќе имаат можност и да прашуваат како д
o подобра форма,
но и како да ја одржат добросостојбата. Елена Бубало ќе биде на располагање за
прашања од учесниците, како и за совети. Токму и затоа ова шесто издание на настанот
е насловено како „
REset
& Retalks
“, најавувајќи уникатно искуство што ќе комбинира
динамична сесија на вежбање и отворени разговори за одржувањето на кондицијата
и здравите животни навики.

Оваа сесија е дел од серијата
бесплатни настани за вежбање и работилници кои ги реализира „Реплек“, во
рамките на РЕсет – платформата за добросостојба, за поттикнување ведар дух,
здраво тело и ментална сила, а со цел да се подобри нивото на општото здравје
кај граѓаните. Учесниците, како и на сите досегашни вакви настани, ќе биде
доволно да донесат само простирка за вежбање, во комбинација со својата
позитивна енергија.

Меѓу другото, присутните на
претстојната „
REset
& Retalks
“ сесија ќе добијат многу практични совети за вежбањето,
насоки за исхраната што треба да ја практикуваат доколку сакаат подобри
резултати од тренинзите, како и мотивациски препораки како да се надминат
личните предизвици што нѐ оттргнуваат од вежбање и тоа да се претвори во начин
на живот.

Настанот ќе биде отворен за
јавноста, а сите што се подготвени да излезат од комфор зоната ќе можат своето
место да го резервираат преку следниов линк
https://shorturl.at/wbNsX.

Носечката идеја на РЕсет
платформата е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството
преку конкретни активности за промоција на менталното и физичкото здравје,
реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области. Во
јуни годинава во рамки на оваа платформа се одржа тренинг на отворено на
плажата Бафало во Охрид. Следуваат нови сесии преку кои Реплек и Елена Бубало
ќе продолжат да внесуваат свежина и инспирација во промовирањето на
добросостојбата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп повторно се закани – на одредени градови ќе им го одземе Мундијалот и Олимпијадата

Следно

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА ПАНЧО: Утре ќе биде неговото испраќање во вечното почивалиште

Latest from Blog

Над 411 милиони денари капитални инвестиции реализирани во Битола

Денеска заседава Советот на Општина Битола каде на дневен ред е и завршната сметка и годишниот извештај на Општина Битола за 2025 година. Во продолжение Ви го пренесуваме интергрално обраќањето на градоначалникот

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква
Go toTop