Ова е голем удар за Германија! Што ли видоа во тој Нагелсман?!

June 30, 2026
2 mins read

Германија си оди дома, Холандија исто така. Две големи фудбалски репрезентации од Европа се елиминирани уште во 1/16 финалето на СП. Бразил успеа да ја победи Јапонија. Во секој случај беше супер интересно во вториот ден од 1/16 финалето на Мундијалот.

Денеска гостин во нашата рубрика “Коментар на денот“ е Мирсад Јонуз кој за нашите читатели има и тоа што да каже пред се за дебаклот на Германците.

-Германија си оди дома…

Заслужено. Оваа Германија не личи на ништо. Ова е голем удар за Германија и како нација. Зарем на таков начин да бидеш елиминиран од еден Парагвај, навистина сум фрапиран. Четата на селекторот Нагелсман не играше ништо, ама буквално ништо. Во првото полувреме речиси и да немаа удар кон голот на противникот. Никаква тактика, никаква идеја што треба да се стори. Навистина чудно. А имаат и тоа како добри поединци, големи ѕвезди. Но, кога имаш за селектор еден таков тип како Нагелсман, нема тука што да се коментира. Јас не знам што видоа во Нагелсман за да го стават селектор. По се изгледа дека во Баерн Минхен многу бргу го „прочитаа“ па затоа и го шутнаа. И пред некој ден реков за него дека е несериозен, еве истото се повторува. Овој меч не смееше да се загуби. Германија има тенери, има тренеришта, а тие го поставија пубертетлијата и еве што им се случува. Срамота за една таква голема фудбалска нација“.

-Мароко ја елиминира Холандија…

Па, и не е некоја голема сензација. Секако дека Холандија е фудбалска велесила, но Мароко е нешто посебно. На минатото СП во Катар, во живо ја следев оваа селекција и просто ме воодушеви, се пласираа во полуфиналето. Сега се уште посилни, позрели, тактички уште подобри. Мароко ќе стигне далеку на овој Мундијал. Имаат се што треба за да се оствари тоа, а имаат пред се квалитет. Храброст, борбеност, знаат да менуваат тактика кога ќе им затреба, едноставно сериозна селекција на која мора да се смета во завршницата од Мундијалот. Холандија негативно ме изненади пред се во пенал – серијата. Исто како Германците. Како со страв да шутираа пенали, како да не знаеја каде се наоѓаат.Едноставно не беа психолишки спремни за вакво нешто. Сепак тоа е фудбалот, некој мора да биде поразен“.

-Бразил е во 1/8 финалето…

Бразил ја победи Јапонија, во одредени моменти навистина одигра добро, посебно во првата фаза од второто полувреме. Сепак, сепак не можам во целост да го дефинирам овој Бразил на Анчелоти. Како нешто да и фали, како да не е овој Бразил спремен за битка за титулата. Но, ајде да видиме. Можеби како ќе одминува првенството ќе биде уште подобро, сепак тоа е Бразил и тоа е Анчелоти. А секако дека е тешко да се игра постојано против бункер. Сега кога ќе треба и да се брани, кога ќе игра против посилни селекции, ќе видиме на што тоа ќе личи.Инаку да споменам дека уште пред извесно време реков дека во светскиот фудбал на репрезентативно ниво некои работи се менуваат. Се гледа дека европските репрезентации не се веќе така моќни. А причината е јасна. Во најдобрите клубови во Европа играат голем број играчи од останатите континенти, а кога е така тогаш репрезентациите си имаат проблем. Мислам на европските и затоа Германија, Холандија си одат дома а Мароко и Парагвај одат во 1/8 финалето“ заврши Јонуз.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОВЕЌЕ ОД 43.000 ИСЧЕЗНАТИ! – Црни прогнози од ОН за хоророт во Венецуела

Следно

ВЛЕН до Ахмети: Зошто Зајас 24 години чекаше канализација?

Latest from Blog

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од
Go toTop