Отворени гласачките места на вонредните избори во Србија

December 17, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Отворени се гласачките места во Србија каде денес се одржуваат вонредни парламентарни извори, вонредни избори за Собранието на Автономната покраина Војводина, вонредни избори за главниот град Белград и уште 65 локални самоуправи, известува Анадолу.

Гласачките места се отворени во 7, а се затвараат во 20 часот. На парламентарните избори право на глас имаат 6.500.165 граѓани, на покраинските во Војводина 1.669.734, а на изборите за градот Белград 1.613.190.

Република Србија, според важечкиот Изборен закон, претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распоредуваат пропорционално според бројот на освоени гласови. Во распределбата на мандатите за политичките партии од националните малцинства, доколку не го преминат изборниот цензус од 3%, важи „природен праг“, кој се добија кога бројката на важечки гласови ќе се подели со 250 пратеници за секое пратеничко место, што во зависност од излезноста на изборите, се движи меѓу 12.000 и 16.000 гласови. На овие избори учествуваат 7 изборни листи на националните малцинства.

Вонредните избори во Србија се распишани на барање на дел од опозициските партии, по повеќемесечни протести на граѓаните ширум Србија, незадоволни од одговорот на државата на двете масовни убиства во почетокот на мај во Белград и во околината на Младеновац, во кои настрадаа 19 луѓе, воглавно деца.

Републичката изборна комисија на Србија утврди дека на гласачките ливчиња ќе се најдат 18 изборни листи со вкупно 2.817 кандидати

Ќе се гласа на вкупно 8.273 бирачки места од кои 29 ќе бидат во заводите за извршување на кривични санкции, а 81 во странство во 35 земји.

Србите во Косово ќе можат да гласаат за парламентарните избори во српските градови Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин, соопшти претходно Републичката изборна комисија на Србија (РИК). Одредени се вкупно 51 гласачко место и тоа за Косовскиот управен округ, управен одбор за Пеќ, управен одбор за Призрен, Косовско-митровски, односно Косовско-поморавски управен одбор.

Гласањето е организирано и во 35 земји, на 81 гласачко место. Тоа е најголем број гласачки места кои се отворени во странство од 2004 година од кога на припадниците на српската дијаспора им е овозможено да гласаат во странство. За гласање во странство се пријавиле околу 40.000 државјани на Република Србија.

На вонредните парламентарни избори околу 11.500 државјани на Србија кои престојуваат во Босна и Херцеговина ќе можат да гласаат на 19 гласачки места.

Републичката изборна комисија на Србија најдоцна до 96 часа по затворањето на гласачките места има законска должност да ги утврди конечните резултати од изборите. Првата проценка на изборните резултати граѓаните ќе имаат веќе еден час по затворањето на гласачките места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Рано утрово саниран дефектот што го остави центарот на Скопје без вода

Следно

Во Женева се собраа околу 8.000 луѓе на протест за поддршка на Палестина

Latest from Blog

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите? – Порано
Go toTop