Отворени гласачките места: Граѓаните во Туркије денес избираат нов состав на локалната власт

March 31, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во Република Туркије денес се одржуваат локални избори на кои нешто повеќе од 61 милион регистрирани гласачи ќе ги изберат локалните власти со мандат од пет години, јавува Анадолу.

Околу 208.000 избирачки места се отворени за гласање. Гласањето ќе се одржи од 7 до 16 часот во 32 региони на истокот на земјата и од 8 до 17 часот по локално време во остатокот од Туркије.

Во големите градски средини, гласачите ќе избираат градоначалници, градоначалници на општини, состави на општински совети и канцелариите на мухтари и совети на старешини, а такви избори ќе се одржат во големите градови како Адана, Анкара, Анталија, Ајдин, Баликесир, Бурса, Денизли, Дијарбакир, Ерзурум, Ескишехир, Газиантеп, Хатај, Истанбул, Измир, Кахраманмараш, Кајсери, Коџаели, Коња, Малатја, Маниса, Мардин, Мерсин, Мугла, Орду, Сакарија, Самсун, Шанлиурфа, Текирдаг, Трабзон и Ван.

Во областите кои немаат статус на голем град, гласачите ќе избираат состави на обласни собранија, градоначалници на општини, состави на општински совети и канцеларии на мухтари и совети на старешини.

На терен ќе има и 1.004 мобилни гласачки тимови кои ќе ги посетуваат гласачите кои поради болест не се во состојба да дојдат на гласање.

Отворањето на гласачките кутии и пребројувањето на гласовите ќе започне по затворањето на гласачките места, а првите резултати се очекуваат за градоначалничките места.

Врховната изборна комисија на Туркије претходно соопшти дека се е подготвено за денот на изборите, на кој ќе важи изборниот молк.

Претседателот на Врховната изборна комисија, Ахмет Јенер, соопшти дека се преземени сите мерки за изборите да се одржат во безбедна средина.

На денот на изборите, од 6 до 24 часот, ќе биде забранета продажбата на алкохолни пијалоци на кој било начин, послужување или консумирање на какви било алкохолни пијалоци во угостителските објекти и јавните места.

За време на гласањето ќе бидат затворени сите јавни места за забава како кафулиња, кафетерии и интернет кафулиња, а во рестораните ќе се служи само храна.

На денот на гласањето, радиостаниците и сите медиуми нема да можат да даваат вести, предвидувања или коментари за изборите и нивните резултати до 18 часот.

Од 18:00 до 21:00 часот на радијата и на сите други медиуми може да се објавуваат само вести и соопштенија за изборниот процес издадени од Врховната изборна комисија.

Забраната за емитување на вести од изборите завршува во 21 часот, освен ако Врховната изборна комисија не одлучи да ја укине порано.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експлозија на автомобил на пазар во Сирија, најмалку 7 загинати и 30 повредени

Следно

Се укинуваат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници на Бугарија и Романија со Шенген зоната

Latest from Blog

Кој е сега идиот?!

ФОТО: Newcastle United/FB Во летниот преоден рок раководството на Баерн Минхен имаше намера да се засили со Флоријан Вирц (Леверкузен) и Ник Волтемаде (Штутгарт). Сепак и двајцата се преселија во Премиерлигата, во

Невзат Бејта обвинува: Општината во Гостивар трошела стотици илјади евра без резултати

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Вреди, Невзат Бејта денеска на прес конференција упати обвинувања кон досегашната локална власт за злоупотреби со тендери за реконструкции на улици и пополнување на ударни дупки.

Ученици од „Кочо Рацин“ запознаа како функционира локалната самоуправа во Битола

Битола, 26 декември 2025 – Ученици од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола денеска реализираа едукативна посета на локалната самоуправа со цел да се запознаат поблиску со работата на

Алиу: Првпат имаме база на човечки ресурси во здравството, наскоро и база на инфраструктура и технологии

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите, на кој се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како и за приоритетите во
Go toTop