Отворена постапка за утврдување одговорност кај Пајазити

November 7, 2024
1 min read

Се отвара постапка за утврдување на одговорност кај судијата Пајазит Пајзити. Одлуката ја донела Комисијата за утврдување на одговорност која вчера одлучувала по ова прашање по барање на  членот Александар Камбовски.

Расправата која се одвивала зад затворени врати траела со часови и имало спротивставени ставови од страна на членовите на судскиот совет. На крајот сепак била донесена одлука да се поведе постапка за утврдување одговорност на судијата Пајазити.

Барањето за одговорност од судијата Пајазити доаѓа откако пред два месеци судскиот совет утврди пропусти во неговото постапување во случајот со екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани. Советот констатираше дека токму судијата Пајазити ја заменил мерката ефективен притвор за Рамадани со домашен без да даде дополнителни објаснувања за причините и не го утврдил начинот на кој полицијата ќе го врши надзорот и на крај Рамадани побегна од државата. По оваа констатирана состојба во советот, членот на Судскиот совет Камбовски побара да се поведе дисциплинска постапка против Пајазити, но тогаш членовите на советот го отфрлија неговото барање.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кошаркарките поразени од Украина во квалификациите за ЕП

Следно

Почна загадувањето на воздухот – најзагадено во Скопје, Кичево, Струмица…

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop