Отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи во зградата на МТВ

May 6, 2026
1 min read

Во зградата на Македонската телевизија денеска официјално беше отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел од поширок процес за унапредување на условите во кои граѓаните ги остваруваат своите законски права.

Според министерот, позитивните реакции од граѓаните се секојдневни, особено во однос на подобрените услови и услугите што ги добиваат во управните служби. Тој најави дека МВР ќе продолжи со реновирање и на другите објекти низ државата.

Се надевам дека тоа ќе го реализираме во најкраток можен рок. Ќе продолжиме со реновирање на сите останати управни служби на територијата на Македонија, со цел да им обезбедиме на македонските граѓани културна и достоинствена услуга од страна на Министерството за Внатрешни Работи – рече министерот.

Одговарајќи на прашања за новата систематизација во МВР, Тошковски информираше дека интересот за огласените работни места е висок, со над 900 апликации за дел од позициите. Тој нагласи дека нема да има отпуштања поради несоодветно образование.

Можам да кажам дека сите видови образование со кои моментално сме затекнати нема да бидат причина за негативни последици, односно вработените ќе можат да извршуваат одредени работни позиции кои и досега ги извршувале, дури и во случаи каде што образованието не е целосно соодветно, особено кога станува збор за пониски нивоа. Нема да има отпуштања од работа или радикални мерки поради несоодветно образование. Новата систематизација овозможува секој еден затекнат вработен да може да се снајде врз основа на искуството, годините работен стаж и другите релевантни фактори во рамки на систематизацијата. Во иднина, предвидуваме малку поригорозни критериуми во однос на соодветноста на одредени професионални позиции, согласно потребата од попрофесионален одговор во работењето на Министерството – посочи Тошковски.

Во врска со проектот „Безбеден град“ и лажните СМС-пораки за плаќање казни, Тошковски апелираше до граѓаните на внимателност.

Граѓаните мора да бидат внимателни од кого ја добиваат пораката. Тоа се пораки од чудни броеви и адреси кои не доаѓаат од официјални канали на МВР. При секој обид за манипулација, МВР навремено ќе постапува и ќе ги информира граѓаните – рече тој.

Министерот повтори дека проектот „Безбеден град“ дава резултати, наведувајќи дека бројот на жртви во сообраќајот е намален од 47 во 2025 година на 26 оваа година. Тој најави дека системот ќе биде имплементиран низ целата држава до крајот на годинава, по фази, како што се исполнуваат условите во градовите.

На крајот, Тошковски информираше дека е објавена и нова постапка за набавка на полициски униформи.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нова драма: Иран бара посебни гаранции за да игра на Мундијалот!

Следно

Нетанјаху од Американците бара детали за преговорите со Иран- се плаши од преголеми отстапки

Latest from Blog

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop