Нова драма: Иран бара посебни гаранции за да игра на Мундијалот!

May 6, 2026
1 min read
фото: Megatron (X)

Нова драма околу учеството на селекцијата на Иран на претстојниот Мундијал. Имено претседателот на Иранската фудбалска федерација (ФФИ), Мехди Таи, ја повика ФИФА да даде гаранции дека нивната делегација нема да биде подложена на навреди на Светското првенство во САД, објави иранската новинска агенција ИРНА.

„За да учествуваме на турнирот, бараме гаранции од ФИФА дека некои инциденти од минатото нема да се повторат“, изјави Таи за новинарите.
Шефот на иранската фудбалска федерација рече дека учеството на неговата земја на Светското првенство зависи од претстојната средба со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, каде што ќе бара земјата домаќин да обезбеди целосно почитување на иранската делегација. „Доколку се одржи целосно почитување и не се упатат навреди, особено кон официјалните и воените институции на земјата, нема да имаме проблем со учеството“, додаде Таи, очигледно мислејќи на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која САД ја сметаат за терористичка организација.

„Немаме никакви врски со САД, тимот заслужено го заработи правото да учествува на првенството, а наш домаќин е ФИФА, а не претседателот на САД Доналд Трамп. Доколку во таа земја се упати каква било навреда, сигурно ќе реагираме на ист начин како што реагиравме во Канада. Сосема е можно тимот да се врати дома во тој случај“, рече претседателот на ФФИ.

Таи беше висок функционер на ИРГЦ пред да стане претседател на Иранската фудбалска федерација.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Hetime për rieksport të karburantit, Mickoski paralajmëron përgjegjësi

Следно

Отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи во зградата на МТВ

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop