Отстранети дивите киосци во Тетово – општината ја обвини полицијата дека не помагала на терен

December 25, 2023
1 min read

реклама


Општина Тетово почна со отстранување на киосците лоцирани во близина на булеварот „Илирија“. Општинскиот инспекторат го обвини СВР Тетово дека не помага во ваквите дејствија.

„Пред 10 дена побаравме асистенција од полицијата во рамки на акциите што ги правиме од градските простори, но полицијата не испрати во петокот во 15 часот и 50 минути, за да нема ни можност да им дадеме одговор, бидејќи нема да имаат можност да дојдат да ни помогнат. За случајот да биде уште поапсурден, рекоа дека не можат да дојдат да помогнат поради безбедносни проблеми“, вели Садат Сулејмани.

реклама

Од СВР Тетово велат дека обвинувањата на општината се неосновани.

„СВР Тетово категорично ги отфрла како невистинити и тенденциозни обвинувањата на општина Тетово дека намерно е одбиена полициска асистенција за денеска и утре, а за што е испратено и барање. На состанокот одржан на 20 овој месец беше објаснето зошто СВР Тетово не може да помогне, а тоа е поврзано со многу активности планирани за овој месец, а беше побарано и одложување на постапката за отстранување на киосците за еден месец. “, додаваат од СВР Тетово.

реклама

Ова не е првпат општина Тетово да го обвинува СВР Тетово дека намерно не помага, дури и самиот Касами ја обвини полицијата дека намерно предизвикува хаос во сообраќајот.

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Студентите вечерва и се придружија на опозицијата пред Републичката изборна комисија во Белград – бараат пристап до избирачките списоци

Следно

Случајот „Онкологија“ заврши само со предистрага бидејќи е јасно дека оди до врвот, вели Николоски

Latest from Blog

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека
Go toTop