Откриено прво погребување од неолитот во Пелагониско

August 26, 2023
3 mins read

Остатоци од погребано новороденче како прва потврда за погребување од неолитот пред 8.100 години, бројни амбари за складирање жито и постаро датирање на археолошкиот неолитски локалитет Врбјанска ќука во Прилепско. Ова се дел од ексклузивните наоди на археолозите во осмата сезона на ископувања на археолошкиот локалитет.

Професор д-р Гоце Наумов, археолог од Центарот за истражување на праисторијата од Скопје, раководител на проектот кој се одвива во соработка со меѓународен тим од Србија и Германија, за МИА потврдува дека е откриено првото погребување од неолитот во Пелагониско.

-Првпат во Пелагонија, во неолитска градба откриваме погребување и тоа е детско погребување, на новороденче, во рамките на темелот на една од подоцнежните куќи. Тоа е импресивно и неочекувано сознание од огромно значење. Во Пелагонија се откриени 15-тина тумби од неолитот и досега не е најдено ниту едно погребување. Тоа дава назнаки за одредени социјални моменти во нивното живеење и за обредните традиции. Новороденчето е пронајдено во фетусна положба, изјави Наумов.

Локалитетот е уникатен, сметаат археолозите. Првпат наоѓаат дури осум амбари за складирање жито што значи колективна грижа за заедницата.

-Се концентриравме на нова градба која ја откривме. Главниот фокус беше на таканаречената градба 4 и тоа што го пронајдовме многу пријатно нѐ изненади. Пројадовме голем број амбари со големи димензии, како и неколку сандаци до нив. Досега се регистрирани осум амбари, и може да се каже дека е нова и уникатна појава на Балканот и во Европа. Во ваков голем број воопшто и не постојат. Се наоѓаат веднаш до ѕидовите, но, за жал, се оштетени од средновековните јами вкопани за луѓето од средниот век да чуваат жито, објаснува Наумов.

Овие амбари, додава, укажуваат на интересен социјален пристап во рамките на оваа населба.

-По се изгледа дека луѓето во неолитот имале колективни стопански простори каде повеќе заедници заедно го собирале житото кое го одгледувале. Новите откритија укажуваат дека неолитските популации во ова неолитско село имале колективен простор за собирање на житото и докажува дека населението од пред 8.100 години колективно го чувале произведеното и пронајдениот жртвеник пронајден во 80-тите години од минатиот век, а е во археолошката поставка на Прилепскиот музеј, што е ретко во Европа, укажуваат дека неолитското население градело колективни амбари и чувало големи количества жито. Во големиот број, седум до осум амбари сигурно се чувале повеќе од еден тон жито кое хранело поголема популација и досега не е откриена во неолитски локалитет овде и на Балканот. Тоа потврдува дека луѓето имале некакво заедништво, прецизира Наумов.

Освен тоа, како што вели, пронајдените делови од фигурина се најголеми од неолитското време.

-Најдовме делови од една фигурина, поделена на половина и е со многу поголеми димензии од досега откриените наоди од неолитот во Пелагонија. Ги има обележјата на неолитските фигурини- корпулентни, истакнати бедра со големи димензии и е намерно кршена бидејќи во неолитот имало обред на намерно ферментирање на фигурините кога намерно им се кршат бутините и главите на фигурините поради одредени обредни практики. Откривме и други уникатни наоди како врвови на стрели досега непознати за Пелагонија, стопански структури, како авани, секири од првпат откриени типови. Со други зборови, иако пристапивме скромно кон годинашниве истражувања, добивме многу богати наоди и резултати кои не ги очекувавме, а кои во голема мера кои нѐ мотивираат да ги продолжиме истражувањата и да ги разбереме потемелно неолитските луѓе и да пристапиме поодговорно во истражувањата и сознанијата, смета археологот Гоце Наумов.

Житарки пронајдени на Врбјанска ќука досега на анализа се испратени во Цирих, Швајцарија, на Електротехничкиот факултет. Таму лабораторијата потврди дека има нова дата за Врбјанска ќука и е за речиси еден век постаро археолошко наоѓалиште од тоа што се сметаше досега.

-Ако претходно сметавме дека локалитетот датира 6.000 години пред новата ера, сега датирањето е 6.100 години пред новата ера, или до денес е пред 8.100 години. Сега може да се рече дека заедницата од Врбјанска ќука е една од првите земјоделски заедници која доаѓа во Пелагонија и која уште од почетокот го имплементира земјоделството како редовна стопанска пракса и која некаде пред околу 6.100 години пред новата ера, започнува една нова форма на живеење која не била позната претходно во Пелагонија и во поширокиот простор и тој наплив на популација која доаѓа од Анадолија, брзо стигнува и во Македонија. Врбјанска ќука е еден од тие примери на рано населување на земјоделски заедници на овој простор, потврдува Наумов.

Амалија Сабанов од лабораторијата за биоархеологија од Белград, Србија вели дека одгледувањето житарки мешункасти растенија укажуваат на некои од најстарите во Европа.

-Анализата на археобиолошките остатоци ни покажуваат на почетокот на земјоделството на овие простори. Прво, пред неолитот, луѓето само ги собирале растенијата и ги конзумирале и не се занимавале со земјоделство. Тоа е многу битен пресврт во човековата историја. Во неолитот тоа е вообичаено. Ние ги истражуваме најраните такви облици. Одгледувањето житарки и мешункасти растенија укажуваат на некои од најстарите во Европа. Овде работиме со колегите од германскиот археолошки институт, објаснува Сабанов.

Директорот на прилепскиот Завод и музеј, Горан Цветкоски потврдува дека Врбјанска ќука ќе добие назив за значајно културно наследство.

-Поднесен е акт за валоризација на археолошкото наоѓалиште „Врбјанска ќука“ за да добие назив за значајно културно наследство. Управата за заштита на културното наследство ни излезе во пресрет и тој акт за брзо ќе го добиеме со што ќе го заштитиме овој значаен археолошки локалитет за да ги зачуваме сите овие археолошки и значајни културни вредности од нашата праисторија, вели Цветкоски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Следно

„Тоа се мали партии со големи комплекси“ – Груби за знамето со „голема Албанија“ во Тетово и реториката на Касами

Latest from Blog

Битола домаќин на клучниот годишен собир на архитектонската заедница

Четвртата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, во организација на Комората на овластени архитекти и инженери, се одржа во Офицерски дом во Битола. Годинешната тема „Архитектурата утре“ го стави во центар

Семејството на Брус Вилис донесе важна одлука

Веста привлече светско внимание и доаѓа директно од неговите најблиски, предводени од неговата сопруга Ема Хеминг Вилис. Брус Вилис е во пензија од глумата од 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија.

Прв случај на африканска свинска треска во Шпанија после 21 година

Шпанија го откри првиот случај на африканска свинска треска од 1994 година, откако вирусот беше пронајден кај две диви свињи кои угинаа во близина на Барселона, соопшти денес Министерството за земјоделство. Министерството

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На денешната трговска сесија од 28 ноември 2025 година, индексот МБИ10 забележа минимален раст од 0,02%, достигнувајќи ниво
Go toTop