Oткажана уште една манифестација поради недобиена поддршка од Министерството за култура

February 15, 2023
1 min read

Деветтото издание на традиционалната театарско-музичка манифестација И ТЕТОВСКИТЕ ГЛУМЦИ ПОА, манифестација која изминатите 8 години ја полни салата на НУ ЦК „Иљо Антески Смок“, за огромна на жал на тетовци оваа година нема да биде одржано, поради комплетно одбиениот проект од страна на Министерството за култура, соопшти организаторот, режисерот Сашо Серафимовски.

Освен минатогодишната бледа подршка од ресорното министерство од 115.369 денари, оваа година аматерскиот театар во Тетово останува и без таа бледа поддршка. Да напоменеме дека традицијата на театар во Тетово датира од далечната 1898 година. Театарџиите во Тетово се директен наследник на некогашниот градски народен театар затворен 1955та година. Најсилниот адут на оваа манифестација се преполните сали, оригиналниот хумор, музиката во живо со 10 член професионален оркестар, професионално озвучување и осветлување кое чини многу пари. Досега сето ова било овозможено преку ентузијазмот на членовите и несебичната поддршка на градските мецени. Оваа година тетовци ќе останат покуси од одлична предновогодишна традиционална театарско-музичка манифестација, вели тој.

Пристигнаа доста реакции од уметниците на годинешната програма на Министерството, а претходно денеска беше соопштено дека по 21 година нема да се оддржи Оф фест.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски: Алијанса за Албанците велеше дека ДУИ е канцерот на општеството, а сега влегуваат во коалиција со нив

Следно

(ИНФОГРАФИК) Како се менуваше Владата на СДСМ и ДУИ во текот на овој мандат

Latest from Blog

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид загинале три лица. -Во 20.55 часот е пријавено

Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на фајнлфорот во Лигата на шампиони

Историски успех остварија вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер во младинска конкуренција, обезбедувајќи пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони. До пласманот на јунскиот фајналфор младинците на Еурофарм Пелистер дојдоа со победа

ФОТО: Автомобил целосно изгоре во струмичко Банско 

Од Територијалана противпожарна единица од Струмица информираат дека попладнево во 17:50 часот изгоре автомобил во селото Банско кај Струмица. Според информациите, запалениот автомобил го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило. -Во
Go toTop