Откако пратеникот на ВМРО-ДПМЕ го опцу Апасиев, започна хаосот на седницата за пратенички прашања

November 21, 2024
1 min read

Пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, денеска на прес конференција рече дека инцидентот прв го почнал пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоранчо Јованчев.

„Имено анонимниот пратеник Зоранчо Јованчев денеска го опцу Димитар Апасиев спомнувајќи го неговото семејство. Интересно е за јавноста, овој пратеник има две кривични пријави, една е за дивоградба во Лозово, другата е за крадење на вода, за див приклучок. Нашата порака е дека не им се плашиме, ние сме шесторица, тие 58, нека бидат уште 50, на секој насилнички одговорор ќе вратиме уште пожестоко“, изјави Амар Мециновиќ, пратеник од Левица. 

Вербална расправија помеѓу пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ настана на денешната, прва по носењето на новиот Деловник, собраниска седница посветена на пратенички прашања од опозицијата. Собраниското обезбедување спречи расправијата да прерасне во физичка пресметка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојковска: Со буџетот за 2025 се предвидува милијарда денари за вложување во опрема и машини и вложување во јавната безбедност

Следно

Владата позајмува нафтени резерви на градот – Град Скопје: Подобро е политика да се води со разум, а не со инает

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop