Владата позајмува нафтени резерви на градот – Град Скопје: Подобро е политика да се води со разум, а не со инает

November 21, 2024
1 min read

Владата се пофали дека го реши хаосот со градскиот превоз. На вонредна седница е донесена одлука за кризна состојба со топлинска енергија во Градот Скопје, што ќе овозможи да бидат позајмени дел од државните нафтени резерви. Дополнително, одлучено е и Град Скопје повеќе да не распишува тендер за гориво, туку да може да преговара со компаниите.

„Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање, без објавување на оглас, за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на Градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настанатата потешкотија“, вели Венера Азизи.

Град Скопје ја поздрави владината одлука.

„Ја поздравуваме одлуката на Владата со која конечно се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните. Потсетуваме дека Владата се уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскиот стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието.“, вели Град Скопје.

Инаку, автобуските линии и денеска беа редуцирани, а дел од учениците изутринава едвај стигнале во училиштата.

„Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град на Македонија во суштина да им се оневозможи правото на учениците да добијат соодветно образование.“, вели Весна Јаневска.

Претходно Град Скопје обвини дека зад хаосот стои, како што соопштија, суетата на премиерот Христијан Мицкоски, кој преку кадрите во Бирото за јавни набавки смислено го поништил нивниот тендер за набавка на гориво. Од Бирото одговорија дека нивната одлука е исправна, зашто ЈСП избрало неприфатлива понуда како најповолна, а Градот Скопје ширел потикантство. Градоначалничката Арсовска во интервју за Телма изјави како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика. Во однос на тендерите на ЈСП за мазут се вклучи и Обвинителството преку Управата за финансиска полиција.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМЕ го опцу Апасиев, започна хаосот на седницата за пратенички прашања

Следно

СДСМ и Левица ја поздравија одлуката на Владата за надминување на кризата со јавниот превоз

Latest from Blog

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни

Јаневска: Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се враќаат во Македонија. Според неа, иако бројките сè уште не се масовни,

Интер го„скрши“ Каљари и ита кон титулата!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Интер направи голем чекор кон враќање на титулата во Милано, а вечерва се приближи уште повеќе до освојување на Скудетото со победата од 3:0 дома против Каљари во првиот натпревар од
Go toTop