Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол

February 27, 2025
1 min read

Полицијата во Брчко во Босна и Херцеговина, уапси вкупно осум лица осомничени за трговија со деца, откако во куќа во градот пронашла 31 дете.

„Во рамки на досегашните активности за пронаоѓање на 31 дете, уапсени се вкупно осум лица поради сомнение за сторени кривични дела „трговија со луѓе“, „трговија со деца“ и „запуштање“ или злоупотреба на дете“, соопшти окружната полиција Брчко.

Портпаролката на окружната полиција Џевида Хукичевиќ изјави за новинарите дека истрагата за овој случај е сложена и вклучува повеќе линии на дејствување, наведувајќи дека поради сложеноста на случајот, по наредба на обвинителот, воспоставена е соработка со Агенцијата за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Министерството за внатрешни работи на Херцеговскиот-неретвански кантон, како и со меѓународна соработка со Европол.

Полицијата во соработка со Центарот за социјална работа и Црвениот крст пред два дена во куќа во Брчко пронашла 31 дете, по што децата биле пренесени на безбедно место.

Медиумите во БиХ објавија дека пронајдените деца имале хрватски пасоши и дека ги чувала една жена, најверојатно италијанска државјанка, која е уапсена.

Меѓу уапсените наводно има и судски полицаец и неговата мајка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Негативен природен прираст и зголемен број разводи во четвртиот квартал лани

Следно

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop