„Островска“ во Лисиче добива мултифункционален спортско-рекреативен комплекс

April 10, 2023
1 min read

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски соопшти дека деновиве отпочнуваат активностите на локацијата „Островска“ во Лисиче, а граѓаните од овој дел на Аеродром после долги години добиваат нова капитална инвестиција од буџетот на општината.

-Со градежните активности, на оваа локација, започнува изградбата на современ спортски терен за фудбал и кошарка, детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, осветлување и нови садници во целиот простор. Реализацијата на овој спортско-рекреативен комплекс кој ќе стане ново место кое ќе ги сплотува и обединува лисичани, е дел од поголема пролетна градежна офанзива која се реализира во овој дел од Аеродром. Во рамките на акцијата, во употреба е пуштено ново детско катче во градинката „Лавче“, а наскоро почнува и надградбата на основното училиште „Гоце Делчев“, соопшти Муцунски. 

-Ветивме дека проектите и инвестициите ќе се однесуваат на сите делови од Аеродром, а токму затоа задоволство е кога ќе се види дека овие ветувања се реализираат. Населбите кои со години важеа за заборавени добиваат содржини кои го унапредуваат урбаното живеење и секојдневието на граѓаните, потенцира првиот човек на општина Аеродром. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

’Ртот Агулхас: Најјужната точка на Африка, каде што се спојуваат океаните

Следно

Радев ја свика првата седница на новиот парламентарен состав во Бугарија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop