Остри реакции од Софија за инцидентите во Скопје, се бара Бугарите што побрзо да влезат во Уставот за да не бидат малтретирани

July 28, 2023
1 min read

Агресијата е неприфатлива, но коренот на ваквите случувања е многу подлабок, смета бугарскиот премиер Николај Денков, прашан за свој коментар околу инцидентите во Скопје, на кои со нож беше прободен еден навивач на фудбалскиот клуб Левски.

Тој вели дека секому му е јасно дека некој постојано бара причина за да предизвика тензии во односите, па дури и на вакви настани, како што се спортските, кои наместо да дејствуваат обединувачки, прераснуваат во агресивни.

„Најважно е што момчето е во стабилна состојба, но случувањата покажуваат дека организацијата не беше доволно добра за да спречи вакви инциденти. Можеби затоа, на натпреварот во Софија нема да биде дозволено да гостуваат навивачите на Шкупи, навивачи од Северна Македонија“,

истакна Денков.

Неговиот политички сојузници, кои и го номинираа за премиер размислуваат на истиот начин. Според Даниел Лорер од Продолжуваме со промените, спортот е еден од начините преку кои треба да се градат мостови со најблиските соседи, но за него, проблемите меѓу Скопје и Софија ќе ескалираат сѐ додека македонските Бугари не влезат во Уставот.

„Дај боже тоа да се случи уште оваа година“,

вели Лорер.

За нивните коалициони партнери од ГЕРБ, алармантна е реакцијата на македонските власти, кои наместо да им помогнат и да утврдат како се случил инцидентот, со сите сили се труделе да апсат бугарски навивачи. Тоа според Георг Георгиев од ГЕРБ е показател дека „таа држава не е подготвена да се присоедини кон ЕУ“.

Бугарските социјалисти се категорични дека случувањата во Скопје се резултат на атмосферата во односите меѓу Бугарија и С Македонија.

„Начинот за да се скине тој ланец е преку испраќање на најсилниот сигнал. Во најкус рок да се надминат пречките и да биде направена корекцијата во макеонскиот Устав, со која во него би биле вклучени и Бугарите“,

вели Кристијан Вигенин од БСП.

За потпретседателка на Бугарија Илијана Јотова инцидентот не е ништо ново, туку свесен однос и политика на Северна Македонија кон Бугарите, независно дали тие живеат од едната или од другата страна на границата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Македонска вечер на „КоторАрт“: Камерниот оркестар „Профундис“ заедно со пијанистка Ема Попивода настапуваат во Црна Гора

Следно

(ВИДЕО) Руски проектили погодија станбена зграда и објектот на Службата за безбедност во Днепар, објави Украина

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop