(ВИДЕО) Руски проектили погодија станбена зграда и објектот на Службата за безбедност во Днепар, објави Украина

July 28, 2023
1 min read

Министерот за внатрешни работи на Украина Ихор Клименко рече дека пет лица се повредени и посочи дека службите завршиле со проверките во сите станови

Русија со ракетен напад погоди станбена зграда и објектот на украинската Служба за безбедност во градот Днепар, објавија украинските власти.

„Днепар. Петок навечер. Беа погодени висока зграда и зградата на Службата за безбедност на Украина. Повторно се случи руски ракетен терор“,

напиша претседателот Володимир Зеленски објавувајќи и видео на социјалните мрежи.

Тој наведе дена навремено се извршени разговори со Службата за безбедност, Министерството за внатрешни работи и Државната служба за вонредни состојби, како и дека сите потребни екипи се на терен и брзо реагирале.

Министерот за внатрешни работи на Украина Ихор Клименко рече дека пет лица се повредени и посочи дека службите завршиле со проверките во сите станови.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Остри реакции од Софија за инцидентите во Скопје, се бара Бугарите што побрзо да влезат во Уставот за да не бидат малтретирани

Следно

Педри сака да замине од Барселона

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop