Осомничените за убиството на малата Данка во притвор уште 30 дена, телото на девојчето не е најдено

February 14, 2025
1 min read

Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ. Адвокатите на осомничените побарале укинување на притворот, но судот ги одбил, пишува Блиц.

Тој суд треба повторно да донесе одлука за обвинението против Драгијевиќ и Јанковиќ откако судот во Ниш неодамна го укина решението со кое се потврдува обвинението и го врати на првостепениот суд на повторно одлучување.

Данка Илиќ исчезна на 26 март минатата година, а нејзиното тело се уште не е пронајдено. Во обвинението Јанковиќ и Драгијевиќ се товарат за кривично дело тешко убиство.

Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан, е осомничен за кривично дело помагање на сторител на кривично дело и непријавување кривично дело. Го обвинуваат дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Паралелно со истрагата за убиството на Данка, се води истрага и за претепувањето на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот Дејан, кој почина во полициската станица Бор поради полициска бруталност.

Тој е приведен поради сомнение дека му помогнал на Драгијевиќ да го сокрие телото на детето, а иако српската полиција тврдеше дека починал од природна смрт, обдукцијата покажала дека смртта била насилна. Се уште никој не е уапсен во врска со неговата смрт.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Презентирана комуникација на Палевски во периодот на убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 21 февруари

Следно

СКАНДАЛОЗНО: Влијателен првенец на СДСМ со шокантна изјава – Трамп „го шитка“ НАТО и Украина

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop