Основци од Центар денеска беа во посета на „Лајка“

1 min read

По повод 4. Април – Светскиот ден на бездомните животни денеска во ЈП Лајка во посета беа учениците од основното училиште „11 Октомври“ од општина Центар.

-Со овој настан од едукативен карактер, а преку дружба со кучињата од нашето прифатилиште ЈП Лајка цели да придонесе во создавањето на одговорни и хумани граѓани, одговорно и хумано општество за сите и да ја подигне свеста за вдомување наспроти купување на домашен миленик, велат од Лајка. 

Учениците имаа можност да се запознаат со работните процеси на јавното претпријатие.

-Целта на овој настан е ја подигнеме свеста за бездомните кучиња и да докажеме и покажеме, дека и тие исто можат да бидат домашни миленици, да научиме да живееме заедно и да се грижиме повеќе за нив, со надеж за иднина во која ќе немаме бездомни и напуштени животни, информираат од Лајка. 

Во наредните денови активноста ќе продолжи и со ученици од општина Аеродром и останатите скопски општини.

Од Лајка се заблагодарија на наставниците и дечињата од училиштата кои изразија интерест и желба да бидат дел од  хуманата мисија.

-И особена благодарност до ЈСП кои со задоволство ни излегоа во пресрет и го поддржаа нашиот настан со превезување на учениците, велат од Лајка. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Лавров: Изјавите на западните држави покажуваат дека не сакаат да го решат судирот во Украина

Следно

Анчелоти објави слободен ден, најмногу се израдува играч со 57 минути оваа сезона! (ВИДЕО)

Latest from Blog