Осминафинална жрепка во Лига Европа и Лигата на конференции

February 24, 2023
1 min read

Во седиштето на УЕФА во Нион денеска со жрепка ќе бидат одредени двојките за осминафиналето во второто и третото по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа и Лигата на конференции.

За точно напладне е закажана осминафиналната жрепка во Лига Европа, а еден час подоцна ќе бидат одредени и двојките за осминафиналето во Конференциската лига.

Осумте победници во групната фаза во Лига Европа (Арсенал, Бетис, Фенербахче, Ференцварош, Феенорд, Фрајбург, Реал Сосиедад и Унион Сент – Жил) изборија директен пласман и се одредени за носители, а преку плејоф натпреварите кои беа комплетирани синоќа им се приклучија Јувентус, Баер Леверкузен, Спортинг, Севиља, Унион Берлин, Манчестер јунајтед, Рома и Шахтјор Доњецк.

Првите натпревари ќе се играат на 9 март, а реваншите се на програмата една недела подоцна. Финалето во Лига Европа ќе се игра на 31 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Во Конференциската лига директен пласман во осминафиналето обезбедија Вест Хем, Ница, АЗ Алкмар, Слован Братислава, Виљареал, Ѓургарден, Башакшехир и Сиваспор, а преку плејофот им се приклучија Андерлехт, Гент, АЕК Ларнака, Фиорентина, Лацио, Базел, Лех и Шериф.

Првите натпревари се на програмата на 9 март, а реваншите на 16 идниот месец. Финалето во Конференциската лига ќе се одигра на 7 јуни во Прага.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Абази оформил предмет за „бомбите“ на Боки 13

Следно

СИТЕ ДЕЛА ШТО ПЕТАР ЛУБАРДА ГИ ПОДАРИЛ ПО СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ПРЕД 60 ГОДИНИ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ОД 1 МАРТ ВО МСУ

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop