Абази оформил предмет за „бомбите“ на Боки 13

February 24, 2023
1 min read

Шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Бојан Јовановски-Боки 13 и кој ќе ги земе „бомбите“ односно аудио разговори, видео снимки, транскрипти. Од Обвинителството за „Макфакс“ посочуваат дека ќе ги земат сите материјали од Боки 13, а за кои осудениот посочи дека се докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис елитата.

„Основниот јавен обвинител постапувајќи по дописот оформи предмет кој веќе е распределен на постапување кај јавен обвинител кој е задолжен да го сослуша осуденото лице и врз основа на исказот и материјалните докази што осуденикот ги поседува да му реферира на основниот јавен обвинител и да донесе одлука за понатамошно постапување. Обвинителството ги охрабрува сите кои имаат сознанија и поседуваат докази за сторени кривични дела истите да ги пријават во обвинителствата согласно нивните надлежности“, навеле од Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија за „Макфакс“.

Оттаму посочуваат дека сослушувањето не може да го прави шефот Абази, како што бараше Боки 13, оти тоа според Законот за јавно обвинителство, го прават избраните обвинители.

„Кривичното гонење и понатамошното постапување во предметите го извршуваат избраните или упатените јавните обвинители во ова јавно обвинителство“, додава Обвинителството за „Макфакс“.

Претходно, пред два дена, Боки 13 испрати писмо до јавноста во кое наведе дека бара да биде изведен пред Ислам Абази, во присуство на неговите адвокати Владимир Туфегџиќ и Сашко Дуковски, за да предаде докази за сторен криминал од највисоки државни структури.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО: Русија мора да одговара за воените злосторства во Украина

Следно

Осминафинална жрепка во Лига Европа и Лигата на конференции

Latest from Blog

Фото: Сидни Свини како од мајка родена

Актерката Сидни Свини моментално ужива голема популарност. Нејзиниот физички изглед често е предмет на внимание од јавноста, особено нејзините бујни гради кои секогаш го привлекуваат вниманието на мажите. Во инат на хејтерите

Новата политичка клетва е : ДА ДАДЕ ГОСПОД ДА ТРАЕТЕ КОЛКУ БУГАРСКА ВЛАДА

Бугарија ќе оди на седми парламентарни избори за последните 5 години. Падна владата во Бугарија – притисокот од протестите и буџетскиот крах го урнаа Жељазков. Бугарскиот премиер денеска даде оставка, откако опозицијата

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Колешино, Ново Село

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во општина Ново Село. -Ве известуваме дека утре 12.12.2025

ПАДНА БУГАРСКА ВЛАДА: „Младите и старите го кренаа гласот за наша оставка“

Владата во Бугарија падна по бројните протести поради законот за буџетот. „Владата поднесе оставка. Нашата коалиција се состана и разговараше за моменталната состојба, како и за одлуките што треба да ги донесеме.
Go toTop