Османи: Вреди да се анализира дали Бугарија навистина сака да се случат уставни измени во С Македонија

January 29, 2023
2 mins read

Навистина, не знам дали се уште треба да го споделам тој став, но вреди да се анализира ова што го кажуваат аналитичари и луѓе кои ги следат работите, дали со ова навистина не се сака да се попречи токму тој процес, за да нема таква дистинкција во уставот помеѓу македонскиот народ и бугарскиот народ, вели Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека уставните измени, што Северна Македонија треба да ги направи како дел од пристапните преговори со Европската Унија, се од интерес на државата. Во интервју за Радио Слобода Европа, Османи вели дека вреди да се анализира она што го кажуваат аналитичари и луѓе кои ги следат работите, дали со ова навистина не се сака да се попречи токму тој процес, за да нема дистинкција во уставот помеѓу македонскиот народ и бугарскиот народ.

„Има такви кои овде коментираат или анализираат дека со ова однесување и на бугарската држава, колку тие, пак, имаат желба уставните измени да завршат овде, бидејќи јас сум рекол од почеток дека уставните измени се од наш интерес. Уставните измени ќе направат едно историско разграничување на многу наметнати дилеми врз нашата држава и врз нашето општество. Ќе помогне на бугарската заедница овде, но во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде историска пресвртна точка во наш интерес. Навистина, не знам дали се уште треба да го споделам тој став, но вреди да се анализира ова што го кажуваат аналитичари и луѓе кои ги следат работите, дали со ова навистина не се сака да се попречи токму тој процес, за да нема таква дистинкција во уставот помеѓу македонскиот народ и бугарскиот народ“,

нагласува Османи.

На прашањето во чиј интерес е тоа да се случи и на кого алудира, Османи рече дека ова што се случува како една асиметрична реакција кон Република Северна Македонија има такви кои го анализираат во контекст дали е тоа начин на одмагање на уставните измени овде, што уште повеќе, како што рече, ја потврдува нашата теза дека уставните измени се во наш интерес, треба да се направат и тука завршува прво едно големо прашање во односите со Република Бугарија, а второ во односите со Европската Унија и земјите членки.

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, иако тој лично нема директни информации, сепак, Руската федерација е еден од факторите на кои им е од интерес да се одржат живи конфликтите во овој регион, па некогаш дури и замрзнати. Тоа, според Османи, е со цел полесно да може да се манифестира влијание во нашиот регион.

„Тоа е веќе позната работа од поодамна и тоа влијание сме го виделе во различен интензитет, во различни периоди на односите. Не само меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку воопшто на Западен Балкан, така што сигурно последната ескалација ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт. Дали е тоа во наш интерес? Јас не се согласувам“,

вели Османи во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Минатата недела, претседателот Стево Пендаровски, по 18. седница на Советот за безбедност рече дека организираните структури од Бугарија кои спроведуваат антидржавни кампањи кон С Македонија се поврзани со руската разузнавачка служба.

Претседателот на државата изјави дека тие структури во Бугарија се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање на одбележувањето на 4 февруари – денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Претседателот на државата соопшти дека, според сите проценки и анализи на надлежните безбедносни служби, одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик, токму поради мобилизацијата на овие структури.

 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За бугарските споменици на нацистичкиот колаборационист

Следно

Ѓоковиќ го освои рекордниот десетти Австралија опен и се враќа на првото место на АТП листата

Latest from Blog

Наследник на медиумско царство во Норвешка и неговата бремена сопруга загинаа во мистеризна авионска несреќа во Гватемала

Неговата бремена сопруга Џудит Мазариегос (26) исто така загина во авионската несреќа. Семејството ја потврди смртта на двајцата за норвешкиот весник „Дагбладет“. Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди само дека меѓу жртвите

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа,

Брендфорд со „кикс“ против Вулверхемптон

Неочекувано, тимот на Брендфорд, кој што сезонава игра прилично добро, особено на свој терен вечерва одигра само 2:2 против тимот на Вулверхемптон кој што е закован за последната позиција на табелата. Кајоде

Умерено позитивен ден на Берзата: МБИ10 во пораст, Макстил води меѓу добитниците

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  Денешното тргување на Македонската берза заврши со умерено позитивен тон, при што главниот берзански индекс МБИ10 се искачи
Go toTop