Османи: Со ништо не може да се намали важноста и итноста на уставните измени

October 4, 2023
1 min read

реклама

Со ништо не може да се намали важноста и итноста на уставните измени. Мораме да ја искористиме отворената врата на ЕУ поради геополитичките случувања на европскиот континент, затоа што во спротивно Македонија друга ваква шанса може да чека со децении, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ рече дека се наоѓаме пред сериозен историски моментум. 

реклама

-Знам дека политичарите тоа го кажуваат секогаш и веќе губи од тежина. Меѓутоа навистина, после Втората светска војна и формирањето на ЕУ, ваков геополитички моментум немало никогаш со руската агресија во Украина и оттука е нашата итност да фатиме чекор со ова отворање на ЕУ. Често велам дека ЕУ се шири по два принципи-  меритократски и геополитички. Што значи тоа? Дека таа голема железна врата се отвара периодично во одредени геополитички тригери и моментуми, а влегуваат, во тој период на отворена врата тие што се спремни, рече Османи.   

Според него, земјава не смее да ја пропушти оваа шанса. И покрај ставот на опозицијата која е против уставни измени, Османи е оптимист посочувајќи дека покажал оптимизам и на 19 јули 2022 година, кога никој не верувал дека „ќе се пробие процесот“.

реклама

– Јас ви кажувам дека ќе го пробиеме пак, и тоа во најдобар интерес, рече Османи. 

За тоа кога е последниот рок за уставни измени, Османи вели дека вратата ќе почне „да се подзатвора по декември, бидејќи повторно фокусот ќе биде Украина.

реклама

-Би требало сега со сите сили да го фатиме декември. Но, ако не биде, за мене последниот ден е мандатот на овој Парламент, затоа што сум убеден дека по изборите, ќе биде многу тешко, рече Османи. 

Османи неколкупати нагласи преговарачкиот процес за ЕУ да не се поврзува со протоколите што произлегуваат од Договорот со Бугарија.

Запрашан за тоа кога ќе се одржат претседателските и парламентраните избори, министерот рече дека најверојатно тоа ќе биде во редовниот термин. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Демократско движење: ДУИ е ортак на бизнисот со казина

Следно

„Тој што не ја знае, скапо ја плаќа“ – искоментира Славески на изборот на Арсовска за претседател на Форумот на градоначалници на ОН

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop