Османи: По членството во СЕ, семејствата на исчезнатите можат да ја тужат Србија пред Судот за човекови права

1 min read

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека по приемот на Косово во Советот на Европа семејствата на исчезнатите ќе можат да ја тужат Србија пред Европскиот суд за човекови права.

„По влегувањето во Советот на Европа, сите семејства ќе имаат пристап до Европскиот суд за човекови права, ќе можат да ја тужат Србија за кршење на правото на живот на членовите на семејството, за кршење на правото на човечко достоинство и многу други права. Членството во Советот на Европа ќе биде од корист за сите граѓани, но најмногу за семејствата на кои 25 години им беше ускратена правдата“, рече Османи за време на одбележувањето на Денот на исчезнатите.

Таа рече дека институциите на Косово ќе продолжат да бидат со семејствата и „да ја споделат болката, бидејќи сите 1.600 исчезнати лица се членови на семејствата на цело Косово“.

Извор: kurir.mk

Претходно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАПРАВЕТЕ ГО ОВА – ова се обичаите на Лазарова сабота

Следно

Светската унија на муслимански научници: Отпорот кон израелската окупација не е тероризам

Latest from Blog