Османи од Туркменистан ја продолжува посетата на Централна Азија

October 8, 2023
1 min read

реклама

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, по реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година,  утре ќе престојува во работна посета на Туркменистан. 

Како што соопшти МНР, посетата на Туркменистан е во рамки на остварувањето на дел од главните заложби од Програмата за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и поддршка на работата на теренските операции на ОБСЕ во земјите-учеснички од Централна Азија (ЦА).

реклама

Османи во Ашгабат, ќе има средби со претседателот на Туркменистан, Сердар Бердимухамедов, министерот за надворешни работи, Рашид Мередов со кого ќе има и прес-конференција, Гурбангули Бердимухамедов, претседателот на Народниот совет на Туркменистан и Дунјагозел Гулманова, претседателка на Парламентот. Покрај средбите со државниот врв, Османи ќе реализира средби и со граѓански организации, претставници на Центарот на ОБСЕ во Ашгабат и резидентни амбасадори на земјите-учеснички на ОБСЕ и партнери од други меѓународни организации.

-Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од Централна Азија е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина. Исто така, Регионот на Централна Азија е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од овој регион за соодветен одговор на ситуацијата во насока на ублажување на ризиците за неговата стабилност,. стои во соопштението од МНР. 

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) „360 степени“ во Албанија: Дали заканите за одземање на бугарските пасоши ќе го намалат бројот на Македонци?

Следно

Мицкоски: Да нема дилема, за секој криминал кој ќе се докаже, ќе има одговорност

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop